Daily news
Тахири: Ослободувањето на Харадинај е услов за продолжувањето на дијалогот со Србија
Косовската министерка за дијалог, Едита Тахири изјавила дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина не може да продолжи се додека лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај не се врати во Косово од Франција, каде од јануари ја чека одлукатана судот за екстрадиција, на основа на барањето на Србија, пренесуваат приштинските медиуми.
„Дијалогот со Белград може да продолжи дури откако Харадинај ќе биде ослободен и ќе се врати на Косово, и после тоа Собранието на Косово може да ја укине резолуцијата за прекинување на преговорите“, рекола Тахири пред пратениците и потсетила дека дијалог придонел Косово да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација.
Таа додала дека Косово е партнер кој гради мир во регионот и дека дури и земјите од ЕУ, кои не ја признале независноста на Косово, го поддржуваат европскиот пат на Косово.
„Косовската влада смета дека Бриселскиот дијалог даде значајни резултати и дека сите договори се постигнати во согласност со Уставот на Косово“, рекла Тахири./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
