Daily news
Тачи: За Голема Албанија најмногу се говори во Белград
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјавил дека за Голема Албанија најмногу се говори во Белград и дека Албанците, каде и да живеат, имаат заедничка цел за зачленување во ЕУ и стабилен регион, пренесуваат српските медиуми.
„За Голема Албанија сега најмногу говорат медиумите и претставниците во Белград, а не во Тирана и Приштина. Тоа се говори за да може Албанците да се обвинат за дестабилизација на Хрватска, Република Српска, Црна Гора и северот од Косово“, рекол Тачи по средбата со албанскиот претседател Бујар Нишани.
Тој оценил дека Албанците „никогаш во историјата не биле пообединети отколку сега“. Нишани, пак, рекол дека националното прашање на Албанците, каде и да живеат тие, е „света работа“.
„Сегашните генерации имаат задача да направат уште повеќе за просперитетот на двете држави – Косово и Албанија“, рекол албанскиот претседател. Тој рекол дека Албанија сака членство во ЕУ и дека тоа е процес кој ќе биде продолжен од страна на секоја идна генерација./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
