Контакт

Daily news

Тетратката за сведоци во СЈО и исказите на двајца сведоци пресудни за притворот на Горан Грујовски

Објавено пред

Првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, како претседател на Кривичниот совет, и судиите Васил Грчев, Киро Здравев, Џемали Саити и Фаик Арслани, во образложението на одлуките за притвор на обвинетите до кои дојде „Макфакс“, според приложените докази, оценуваат дека обвинетиот Горан Грујовски веќе влијаел врз сведоци, што произлегува од нотесот, т.е. тетратката одземена при претресот во неговиот дом, каде што водел евиденција, за сведоците да дадат исказ во СЈО, со назначување на прашањата што ќе им бидат поставени и содржината на одговорите што треба да ги дадат.

Судиите во одлуката пишуваат и за исказите на двајца сведоци предложени во листата на докази приложена кон обвинителниот акт. Во одлуката пишува дека предмет на вештачење бил и компјутерот одземен од обвинетиот, во кој тој запишувал на кој начин треба да се однеусваат лицата повикани во СЈО, на кој начин да одбегнуваат да дадат исказ и на кој начин да дадат исказ за да заштитат свој колега.

„Обвинетиот сè уште е вработен во УБК каде што со години бил поставуван на раководни позиции и оправдан е стравот дека ќе ја попречува кривичната постапка“, пишува во одлуката. Судиите образлагаат дека обвинетиот Грујовски често патува во странство, поседува имот во Охрид и има роднини во Велес, како и многубројни познанства со луѓе од државата поради природата на фунцкијата.

Обвинетиот Никола Бошковски, пак, влијаел врз сведоци и на свои колеги им сугеририал какви одговори да дадат по сослушувањето во СЈО користејќи ја околноста дека со години работел на работна позиција која „му овозможила ресурси и надмоќ над пониско рангирани службени лица, што произлегува од исказите на двајца сведоци предложени во листата на докази приложена кон обвинителниот акт“, пишува во одлуките. Постои основан страв дека обвинетиот ќе ја попречува кривична постапка и поради тоа му е определена мерка притвор.

Од Кривичниот суд за „Макфакс“ велат дека и двајцата обвинети редовно се појавувале кај шалтерски службеник и ја почитувале изречената мерка на претпазливост за јавување во судот еднаш во неделата.

В. Маглешов

Најново

Спорт6 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија10 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија13 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт20 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија21 минута

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет43 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized48 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет1 час

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...