Daily news
Тешка кражба во Скопје, украдени накит „Сваровски“ и мобилни телефони
Во неделата на улица „Ташко Караџа“ непознат сторител извршил тешка кражба во стан сопственост на 36-годишниот М.С. од Скопје.
Истиот со употреба на погоден алат ја отворил балконската врата, извршил пребарување и притоа пронашол и одзел златен накит, накит „Сваровски“, мобилни телефони и друго по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 500 илјади денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
