Daily news
Тилерсон го повика реизбраниот ирански претседател да престане со поддржката на тероризмот
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го повика реизбраниот ирански претседател Хасан Рохани да стави крај на поддршката и финансирањето на терористички групи, пренесе ABC News.
За време на посетата во Ријад, Саудиска Арабија, Тилерсон изјави дека Рохани веќе има можност да се стави крај на улогата на Иран во поддршката на “дестабилизирачките сили кои постојат во овој регион”.
Државниот секретар, исто така, изрази надеж дека Иран ќе ги прекине своите тестирања на балистички ракети и дека ќе “ги врати правата на Иранците на слобода на изразување, слобода на организирање”. Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
