Daily news
Том Хојвирт сака да ја „убие“ Кончита
Австриецот Том Хојвирт, кој победи на Изборот за песна на Евровизија во 2014 година, настапувајќи под името Кончита Вурц, ја изненади австриската јавност со објавата дека планира „да ја убие Кончита“.
– Јас како брадеста жена ги освои сите на Песната на Евровизија. Таа повеќе не ми потребна, објасни тој во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Тој најави дека сака промени во кариерата и дека е во потрага „по нешто ново“.
– Јас наскоро ќе наполнам 30 години и си поставувам многу прашања, рече Нојвирт, додавајќи дека никогаш не сакал да биде жена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
