Контакт

Daily news

Трамп: Северна Кореја си бара проблем

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

„Северна Кореја си бара проблем. Ако Кина реши да помогне ќе биде супер.Ако не, ќе го решиме проблемот и без нив. САД!“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп на својот твитер во вторникот, охрабрен очигледно од воената интервенција во Сирија што наидува на поддршка од републиканците и во голема мерка од Американците.

 

Според испитувањето на Галуп, што го објави „Вашингтон пост“, додека интервенцијата во Сирија за време на раководењето на Барак Обама ја поддржувале само 22 отсто од републиканците, сега кога ја предводи Трамп ја поддржуваат дури 86 отсто од нив, што се толкува како доказ дека Американците се повеќе одлуките и политиката на администрациите ги  гледаат низ црвено-плави очила, односно партиските бои на демократите и републиканците.

 

Генерално, според истражувањето на Галуп, споредено со останатите воени интервенции на САД во минатото трендот на поддршка не е сменет во САД: Мнозинството Американци, со еден исклучок (Либија во 2011 година) мнозински ги поддржуваат воените интервенции на претседателот. Поддршката за Сирија сега, откако се замеша Трамп, е 51 отсто на ниво на САД, речиси иста како за интервенцијата на Балканот.крај/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Муцунски во Стразбур: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на граѓаните не може да бидат предмет на преговарање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Македонија3 часа

ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на...

Македонија4 часа

Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат

Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите...

Македонија6 часа

Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, еден човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија7 часа

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградира квалитетот на јавното здравство и затоа итно се потребни системски промени за кои мора посилно да...

Македонија7 часа

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија8 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија9 часа

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет9 часа

(Видео) Русија реагира на обелоденетиот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион10 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што сѐ исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет10 часа

(Видео) Дали, конечно, е блиску крајот на војната во Украина: остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет11 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет12 часа

„Донецк и размената на територии“: целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет12 часа

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет13 часа

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет13 часа

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата за Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет13 часа

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...

Македонија1 ден

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет1 ден

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија1 ден

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....