Контакт

Daily news

Триото на Трајковска со изведба на класични композиции во кросовер стил

Објавено пред

Македонската виолинистка Пламенка Трајковска со своето гудачко трио ќе реализира концерт во НУ Центар за култура Кочо Рацин во Кичево. Концертот ќе се оддржи на 23 мај (вторник) со почеток во 20.30.часот.

Концертот е со наслов Пицикато и претставува атрактивна мултимедијална музичка креација на Пламенка Трајковска – гудачко трио .

Тие ќе изведат класични композиции во кросовер стил пропратени со видео проекција, сценски движења и кореографија. На програмата се класични дела од Ј.С. Бах, Л.В. Бетовен, П.И Чајковски и други композитори од класичниот период. На концертот исто така ќе бидат изведени и македонски фолклорни теми во обработка за гудачко трио и електронска музика.

Дел од концертот ќе се состои од изведба на композиции од албумот Апасионато на Пламенка Трајковска кој е светски пласиран на Амазон и Ајтунс.

Пламенка Трајковска продолжува со својата мисија на доближување на класичната музика до најшироката публика. Од почетокот на годината таа реализираше повеке концерти за деца и пред десетина дена со свој концерт го означи отварањето на реновираниот Дом на култура во Македонска каменица. До крајот на летото таа ќе се претстави во повеќе градови низ Македонија.крај/мф

Најново

Регион5 часа

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија6 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава7 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија7 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион7 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ7 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет8 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион8 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион9 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...