Daily news
Турскиот премиер реагира ладнокрвно на одлуката за повлекување на германските војници од “Инџирлик”
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим реагира ладнокрвно на претстојното повлекување на германските војници од НАТО базата “Инџирлик”, коментира националниот дневен весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.
“Нема решение кое е донесено од наша страна. Го прават она што го сакаат “, истакна Јилдирим.
Турција одби да обезбеди неограничено право на посета на пратениците од Бундестагот во базата каде се распореди 260 војници на Берлин, и покрај обидот за решавање на спорот, преземен од министерот за надворешни работи Зигмар Габриел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
