Daily news
Турски воени авиони го нарушиле воздушниот простор на Грција
Два турски ловци F-16 го прекршиле меѓународниот воздушен простор на Грција, објавува електронското издание Екатимерини.
Според соопштението на војската, инцидентите – вкупно три на број – се регистрирани во понеделникот во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море.
Авионите се придружувани од тактички транспортен авион CN-235, кој исто така влегол во Атинскиот регион за лет информации, извршувајќи вкупно четири нарушувања.
Сите турски авиони се пресретнати и придружувани од воздухопловните сили на Грција во согласност со меѓународните практики. Крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
