Контакт

Daily news

Уапсени уште две лица поврзани со нападот во Манчестер

Објавено пред

Британската полиција уапси уште две лица кои се поврзани со терористичкиот напад во Манчестер, со што бројот на уапсени лице сега изнесува осум луѓе.

Покрај тоа, полицијата и безбедносните служби, пронашле уште експлозивни направи и експлозив кој можел да биде употребен по терористичкиот чин во „Манчестер арена“, кога во понеделникот загинаа 22 лица, а речиси 60 беа повредени.

Како што објави „Индепендет“ една експлозивна направа била уништена во контролирана експлозија.

Безбедносните служби се загрижени дека другите бомби ги направила мрежата на осомничени со намера да изведе нови напади, пренесе агенцијата Ројтерс.

Британските медиуми, во меѓувреме, објавија имиња на уште две жртви, Клои Рутерфорд (17) и нејзиното момче Лијам Кари (19).

„Таа ноќ нашата ќерка Клои и нашиот син Лијам умреа, нивните крилја беа подготвени, но нашите срца не се. Беа совршени на секаков начин и беа створени еден за друг. Сакаа да бидат заедно засекогаш“, се наведува во заедничкото соопштение на семејствата и полицијата.

Исто така, британската полиција соопшти дека метро станицата која се наоѓа во близина на „Манчестер арена“ ќе биде затворена уште некои време и дека легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни донира 100.000 фунти за жртвите и нивните семејства. крај/мф/нц

Најново

Спорт12 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија17 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија20 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт26 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија28 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет49 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized54 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет1 час

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...