Контакт

Daily news

Успешно 20. издание на Скопје филм фестивал

Објавено пред

 

Вчера заврши годинешниот Скопје филм фестивал. За дваесетгодишниот јубилеј на публиката и’ донесовме исклучително богата програма и содржини во чии рамки понудивме повеќе од 75 филмови, работилници, гостувања на реномирани филмски имиња, првата македонска филмска ретроспектива на Стенли Кјубрик, а прв пат се одржа и програмата „Креираме заедно“.

 

„Скопје филм фестивал се отвори со „Реквием за госпоѓа Ј.“ филмот на режисерот Бојан Вулетиќ, кој годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67.

 

Берлински филмски фестивал.. На свеченото отвоврање на Скопје филм фестивал пред публиката се поклони легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, Ненад Дукиќ, главнот продуцент, Томи Салковски, македонскиот продуцент како и дел од филмската екипа.

 

Филмовите беа распоредени во осум програми: Гала, Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, во која публиката ја виде најновата македонска филмска комедија во режија на Коле Ангеловски, „Ах љубов моја“, како и новите  краткометражни филмови од продукцијата на „Круг“, „Ќе дојдат децата“ и „Чевли“ на режисерите Ана Јакимска и Бранко Костески.

 

Скопски филмски фестивал за својата публика подготви Ретроспектива на Стенли Кјубрик, што беше прва фестивалска ретроспектива на овој легендарен режисер во Македонија, а по тој повод специјален гостин на Фестивалот беше познатиот Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик.

 

И годинава, фестивалската публика можеше да ги види  најинтересните  нови француски филмови во програмата Фокус на францускот филм, а во рамки на програмата на Краток филм  беа прикажани 12 филмови од европска продукција и уште 13 краткометражни шпански филмови.

Скопје филм фестивал со големо задоволство ја реализираше и Детската програма „Креираме заедно“.

Скопје филм фестивал и Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава, преку програмата „Креираме заедно“, за прв пат ги вклучи децата со попреченост во креирањето на фестивалската програма, а во рамки на Детската програма понуди филмови наменети за сите деца кои се обидуваат да урнат табуа и стереотипи за луѓето со попреченост.

Во програмата  учествуваа ученици со и без попреченост на возраст од 9 до 14 години од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица кои во духот на самозастапување говореа за себе и својот свет преку работилниците за фотографија, видеозапис и ликовно решение за плакатот на детската програма. Креативните работилници ги водеа уметниците: Ване Костуранов (плакат), Наташа Гелевска (фотографија) и Јане Алтипармаков (видеозапис).

Проектот  се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

Во рамки на фестивалот, работилница за анимиран филм одржа Берин Тузлиќ, мултимедијален уметник од Сараево.

Гостин на фестивалот беше и селекторот на дел од фестивалската програма, Навид Сарин од Франција.

Им благодариме на Агенцијата за филм на Република Македонија, на нашите помагатели, на медиумските спонзори, на кината „Милениум“ и „Фросина“, на Кинотека на Македонија и најмногу на нашата публика со која ќе се видиме и на следното издание на фестивалот, се вели во информацијата на организаторот..крај/мф/кс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија2 часа

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на...

Спорт2 часа

Тотенхем во историска криза: Четири кола, нула победи и нула голови

Тотенхем по четири рунди во Премиер лигата е единствениот тим што не успеал да постигне гол. Вечерва, Тотенхем одигра 0:0...

Спорт2 часа

(Видео) Милан со блиц криг до бод против Лацио

Лацио и Милан одиграа 2:2 во четвртото коло на Серија А на „Олимпико“. Домашниот тим имаше предност од два гола...

Македонија3 часа

(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат...

Спорт4 часа

(Видео) Попладне на гостинските тимови во Премиер лигата

Воведните пет натпревари од четвртото коло од Премиер лигата, минаа во знакот на гостинските тимови, не им дозволија победа на...

Спорт5 часа

(Видео) Фрајбург го растури Менхенгладбах, сигурни победи на Дортмунд и Ајнтрахт

Пет натпревари од 3. коло од Бундеслигата беа одиграни попладнево, а натпреварите беа одбележани со голови, пресврти, но и убедливи...

Македонија5 часа

Досега регистрирани 138 шумски пожари во државава, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека...

Спорт5 часа

Фантастична круг и пол позиција за Ландо Норис

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, која се...

Македонија5 часа

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Економскиот напредок на Македонија, ефективното владеење на правото и подобрата комуникација со граѓаните биле во фокусот на тридневниот настан, организиран...