Daily news
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне со краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Т-мин. од 6 до 13, а т-макс. од 19 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утринската ќе се движи околу 11 степен, а максималната до 23 степени.
Времето во наредните денови
И во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, на места проследени со грмежи.
Повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има во вторник. Од среда ќе биде и посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
