Daily news
Уште едно име ја напушта Белата куќа
Висок претставник на американскиот Совет за национална безбедност, Езра Коен-Ватник, е последен во низата претставници од администрацијата на Доналд Трамп кои добиваат отказ. Белата куќа соопшти дека советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Херберт Рејмонд Мекмастер, ја цени добрата работа која е постигната на одделението за разузнавање кај раководството на Езра Коен. Како што е наведено во соопштението, Мекмастер заклучил дека моментно е потребен поинаков спектар на искуства за спроведување на понатамошната работа.
Во САД вчера беше потврден изборот на Кристофер Вреј за нов шеф на Федералното истражно биро откако од таа функција изненадувачки беше сменет Џејмс Коми поради улогата во истрагата за наводното руско мешање во американските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
