Контакт

Daily news

Француско-германски саем на детска литература

Објавено пред

Францускиот институт во Скопје и Гете-Институтот Скопје го организираат Француско-германскиот саем на детска литература, со наслов „Го читаме другиот“, којшто ќе се одржи во Скопје, Битола и Гостивар.

Манифестацијата ќе биде отворена утре (вторник, 25 април), со почеток во 13 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-  Скопје, од страна на Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција, и Кристина Алтхаузер, амбасадорка на Германија.

Почесни гости на Саемот се четворица автори и илустратори на литература за млади, од кои двајца Французи и двајца Германци: Ан Малер, Јана Хајнике, Марк Бутаван и Патрик Хертвек. Тие се многу успешни, имаат богато искуство во работа со деца и низ своите активности пренесуваат важни педагошки содржини. Во рамките, пак, на програмата на саемот ќе се одржат работилници, книжевни читања и дебати со гостите.

Саемот за детска литература продолжува в среда, 26 април, од 13 часот, паралелно во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола и во Центарот за култура во Гостивар.

Овој проект, поддржан од Француско-германскиот културен фонд, има за цел да ја промовира книгата како фактор за културна отвореност и еманципација. Преку читањето на странски јазик младите се воведуваат во светот на туѓата култур, но и во структурата на туѓиот јазик. крај/мф

Најново

Забава7 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава7 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија7 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт8 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт8 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт8 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт8 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....