Контакт

Daily news

ФРОДЕМ: Битка за враќање на партијата на членството, а државата на народот

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

ФРОДЕМ e згрозен од свесно изнасиленото форсирање победнички дух и глумење наводна непопустливост на врхушката на ДПМНЕ, кое е исклучиво во функција на пазарот за личен спас.

 

„Целта е со пазарот да се спасат неколкумина најблиски, а другите да се ‘пуштат’ низ вода. Со случувањата во Собранието на Р Македонја на 27 април оваа година, паднаа маските на криминалните структури, лажните моралисти и квази патриоти.

 

По којзнае којпат се виде дека се работи за такви патриоти на кои најбитна им е удобната фотелја и полното банкарско конто. Вистинските патриоти и чесни членови служат само за еднократна употреба.

 

Заради личен спас Груевски и неколкутемина негови слепи послушници, со нозе во кал до коленици, одбраа тактиката на негирање на реалноста, глумење патриотизам и јавно „силување“на граѓаните на Р Македонија.

ВМРО ДПМНЕ нема надворешни непријатели. Непријателите на партијата, граѓаните и на државата се во редовите на партиското криминализирано раководство. Срамно и жално е сопствените граѓани да се манипулираат со евтини и провидни игри од страна на лидер кој е избран на приватна забава (наводен Конгрес). Веќе одамна излитените закани „зад нас стои народот” или „народот ќе одлучи” не ги дадоа посакуваните ефекти бидејќи и малите деца одамна ја прочитаа и оваа манипулација. Народот нема повеќе да дозволи и понатаму да биде свежо топовско месо за реализација и заштита на туѓи криминални интереси.

Колку побрзо Никола Груевски си замине од политичката сцена и лидерската позиција на ДПМНЕ, толку подобро за ВМРО ДПМНЕ. Тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомпромитирани личности кои учествувале во обезличувањето на партијата и кои заради сопствени лични интереси измеќаруваа на фамилијата се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Нивната вина е иста како и вината на нивниот вожд, се посочува во соопштението на ФРОДЕМ.

 

За таа цел ФРОДЕМ им се обраќа до членството на ВМРО ДПМНЕ да не потпаѓаат под директивите и налозите на криминалната структура и да бие туѓи битки.

 

„Време е да се понесе одговорност за стореното зло. Членството не смее да дозволи ВМРО ДПМНЕ да се става во заложништво, а уште помалку нашата држава Република Македонија. На партиските прислушници кои свесно или несвесно се влезени во криминалниот лавиринт секојдневно животот им станува пекол. Колку побрзо соберат храброст и излезат од тој лавиринт и се соочат со правдата, толку подобро за нив.

Истовремено ФРОДЕМ им укажува признание и почит на сите чесни и доблесни членови на ВМРО ДПМНЕ кои не потклекнаа под притисоците на натрапничкото раководство и размислуваат со своја глава.  Македонија се сака со срце и отворен ум, а не со сервилно и слепо почитување на наредбите на оние на кои местото  одамна им е резервирано во македонските зандани, онаму каде што со години лежат неправедно осудени политички неистомисленици во монтирани политички случаи.

Борбата која ја започна ФРОДЕМ е борба за доброто на народот, борба за демократија и достоинство и борба за почитувана држава. Тоа е битка за враќање на партијата на членството, а државата на народот. Toa e битка за демократска консолидација. Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не смеат и понатаму да останат заложници на болните и непромислени авантури на алчните и лажни патриоти. Патиштата за остварување на овие заложби се различни, но една е целта: Слободна и праведна Македонија ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери“, се вели во соопштение на ФРОДЕМ. Крај/мф/кс

 

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами за нивните лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија1 час

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија2 часа

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...

Македонија3 часа

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. „Претешка е судбината на...

Свет4 часа

Ослободениот израелски заложник не знаел дека Хамас ги убил неговата сопруга и ќерките

Ели Шараби, Израелец кој беше киднапиран од Хамас пред 16 месеци, дознал дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во...

Свет4 часа

Трамп вели дека разговарал со Путин; Реагираше Кремљ, ги објави условите за преговори

Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговори за Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако...

Свет4 часа

„Тие изгледаат како преживеани од Холокаустот“, реагираше Трамп на фотографиите на тројцата ослободени израелски заложници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас откако...

Европа4 часа

Макрон: Ќе инвестираме 109 милијарди евра во вештачка интелигенција во Франција

Франција ќе објави инвестиции од приватниот сектор во вештачка интелигенција (ВИ) од околу 109 милијарди евра за време на самитот...

Свет13 часа

Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани...

Економија16 часа

Државни станови по 1.000 евра за м2, продажбата започнува утре во Битола

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1000 евра за метар квадратен. Како што најави...

Македонија16 часа

Две лица се приведени во денешната акција на полицијата во Чашка

Полицијата сподели детали од денешната акција која се спроведе во Општина Чашка при потрагата на нелегално оружје. Полициски службеници од...

Македонија21 час

Полицијата врши претреси во Чашка, се бараат лица со нелегално оружје

Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција. Акцијата е започната...

Македонија21 час

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во...

Топ22 часа

Приведен Германец на „Табановце“, му пронашле ножеви, солзавец и други опасни материјали во возилото

49-годишен германски државјанин, Т.В.,вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце при влез во Република Македонија. Полициските службеници извршиле редовна контрола...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни...

Македонија24 часа

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со...

Топ1 ден

Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево

Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени...

Македонија1 ден

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено...

Македонија1 ден

Внимателно возење низ клисурите и речните долини, постои ризик од одрони!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини...

Македонија1 ден

Помал одѕив на вториот бојкот на маркетите, прометот опаднал за 22 отсто наспроти 46,59 отсто минатиот петок

Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека вториот масовен бојкот поминал со 22, 12 отсто пад на прометот во осумте...