Контакт

Daily news

Хан: ПЈРМ, конечно, ја надмина политичката криза

Објавено пред

Пред средбата со македонскиот премиер, Зоран Заев, во Брисел, комесарот за преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, на прес-конференција, нарекувајќи ја македонската држава „ПЈРМ“, порача дека земјата, конечно, ја надминала политичката криза и дека денеска главна тема на разговорите со Заев ќе бидат итните реформски приоритети.

dobivaj vesti na viber

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, невообичаено за него, комесарот Хан не ја употреби целата референца за Македонија туку само акронимот „ПЈРМ“, на денот кога ја пречекува високата делегација на новата македонска Влада, предводена од премиерот Заев, а во која се и вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на итните реформски приоритети, порача кратко Хан на прес-конференција посветена на случувањата на Западниот Балкан.

Освен со Јоханес Хан, високата делегација на македонската Влада денеска во Брисел се среќава и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Захарова: Блинкен отворено и без двоумење рече дека имале мотиви да го уништат гасоводот

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, отворено изјави дека САД и НАТО имаат мотиви да ги нападнат гасоводите „Северен тек 1“...

Свет1 час

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет1 час

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија2 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет3 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија3 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет4 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет4 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет4 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа5 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет5 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет5 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...

Регион14 часа

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на...

Топ16 часа

Девет земји меѓу кои и Македонија го поддржаа членството на Украина во НАТО, Зеленски им се заблагодари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека девет земји од Централна и Источна Европа го поддржуваат членството на...

Свет20 часа

НАТО: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста, но и на американското оружје

Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за...

Македонија21 час

ЛДП го предлага Пенов за нов министер за локална самоуправа

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница ја разгледа оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, и го прифати...

Македонија1 ден

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Северна Македонија

Бугарија е главен извозник на струја во регионот и подготвени сме да го зголемиме извозот во Северна Македонија, изјави бугарскиот...

Македонија1 ден

Лефков: Аферата „Броило“ покажува како Ковачевски и неговиот кум свртеле 26 милиони евра

Фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис, и тоа додека Македонија е...

Македонија1 ден

Пендаровски и уште осум претседатели на членки на НАТО: „Русија веднаш да се повлече од окупираните територии“

Претседатели на дел од земјите-членки на НАТО од централна и источна Европа, меѓу кои и Стево Пендаровски, во заедничка изјава...

Регион1 ден

Бугарите гласаат на четвртите избори за помалку од две години

Бугарите денес гласаат на четвртите национални избори за помалку од две години, со мала надеж дека ќе се појави стабилна...