Daily news
Херем спогодбено го раскина договорот со ЖРК Вардар
Најдоброто лево крило во женскиот ракомет, Камила Херем, по само една сезона ќе го напушти ЖРК Вардар. Норвежанката договорила спогодбен раскин на договорот со клубот.
Камила Херем, репрезентативката на Норвешка, една година пред истекот на договорот ќе го напушти ЖРК Вардар, откако спогодбено го ракинал договорот.
„На барање на Херем, спогодбено е раскината соработката. Таа изрази желба за враќање во татковината. Ние ја почитуваме нејзината одлука и ѝ посакуваме успех во кариерата“, наведува клубот на својата интернет страница.
Херем во досегашниот дел од сезоната постигна 33 гола во Лигата на шампионите, а ќе му помогне на тимот на завршниот турнир во Будимпешта (6 и 7 мај) да ја освои првата титула во елитното натпреварување. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
