Daily news
Холандски амбасадор: Четири месеци без влада е предолго за земја која не е членка на ЕУ
Четири месеци без влада не е многу време, но сепак, е предолго за држава како Република Македонија која се уште не е членка на Европската унија. Одговарајќи на новинарско прашање, по дебатата организирана од Дипломатскиот клуб во Скопје, холандскиот амбасадор Ваутер Пломп изјави дека не е иста ситуацијата кога една држава е без влада подолг период, а е или не е членка на Европската унија.
Со него се согласи и шведскиот амбасадор-Матс Стафансон, кој рече дека овие четири месеци по изборите, го нарушиле добриот имиџ на Република Македонија. Амбасадорот Стафансон порача дека е дојдено време Македонија да започне да испраќа „позитивни сигнали“ што во последниот период не беше случај. крај/мф/дм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
