Daily news
Црна Гора со членството во НАТО очекува и интензивирање на преговорите со ЕУ
Црна Гора, по формализирањето на членството во НАТО, ќе настојува да го интензивира преговарачкиот процес со Европската унија (ЕУ), водејќи сметка за развојот и одбраната на националните интереси од мешањето на трети страни, било порачано на средбата помеѓу црногорскиот премиер Душко Марковиќ и дипломатите во земјата, пренесуваат црногорските медиуми.
„Црна Гора ќе настојува да го интензивира преговарачкиот процес со ЕУ, водејќи сметка истовремено за економскиот раст и развојот, како и одбрана на националните интереси од мешањето на трети страни во внатрешните прашања“, било оценето на состанокот на Марковиќ и дипломатите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
