Контакт

Daily news

Честитка на Иванов по повод почетокот на рамазанските пости

Објавено пред

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

„Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод почетокот на рамазанските пости“, вели Иванов во честитката.

„Во исламот, Рамазан е светиот месец кога се слави духовното и телесното прочистување. За муслиманските верници започнува постот преку покајание и молитва за поклонение пред Бога. Учењата велат дека помагајќи ги сиромавите и изнемоштените, верниците се надеваат на милост и простување на гревовите пред портите на рајот, за себе и за своите блиски“, порачува Иванов.

„Солидарноста и милосрдието се заеднички вредности на кои нè учат религиите. Но, добрината, милоста и споделувањето се човечки доблести кон кои треба да се стремиме. Во духот на празникот, Ви посакувам лесни рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам мир, благосостојба, љубов и простување“, вели Иванов во честитката по повод почетокот на рамазанските пости./крај/мф

Најново

Македонија13 минути

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален...

Култура25 минути

Агенцијата за филм ги „ꜱирна“ анимираните „Лефти и Рајти“

Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета во студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот...

Македонија32 минути

Учениците од Карпош со континуирана едукација во Природонаучниот музеј

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел...

Македонија57 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија1 час

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија1 час

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија2 часа

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет2 часа

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника2 часа

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...