Daily news
Шекеринска: Тоа СЈО Вас ве боли и затоа е окупирано Собранието – изолирана е Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/sekerinska-sednica-sobranie-680x365_c-1.jpg)
На 10-то продолжение на конститутивната седница на Собранието на РМ пратеничката на СДСМ, Радмила Шекеринска го нападна пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Чујте една снимка, а на неа и тебе те има, како голем патриот и затоа си нервозен и дофрлаш. Ама сакам едно нешто да Ви кажам, ова е битка за Вашата слобода и слободата на Вашите, ова е битка против вашите бесконечни лажења. Оваа дискусија и покажа на цела македонска јавност дека мувата не била на капата, туку мувата била на СЈО. СЈО била болката и тука е причината за окупираното Собрание и изолираната Македонија„ потенцира Шекеринска.
Милошоски одговори дека СДСМ има обврска да го почитува Деловникот и претресот непречено да трае.
„Она што го кажа Рангелова, јас ќе го повторам, упатените зборови до Вељановски се закана и ако не го толкуваме Деловникот како што му одговара на СДСМ, ќе добиеме пријава од СЈО. Ако Димовски зборува против Заев, тој ќе добие предистражна постапка од СЈО. Ако Иванов не му го даде мандатот на Заев ќе покрене преистражна постапка од СЈО. Ако Рангелова зборува против Шекеринска, СЈО ќе добие задача да испрати писмо и да покрене предистражна постапка, рече Милошоски
Пратеникот Ејуп Палими од ДУИ праша:„Кој манипулира цело време со платформата?„.
„Тој никако да се откачи од стереотипите кои ги има кон Албанците. Ја користите албанската платформа за да ја стимулирате меморијата кај Македонците и да создавате тензии„, рече Палими.
Илија Димовски им укажа на колегите од СДСМ дека ако не се јавуваат за процедурално досега ќе поминеле половина од пратениците кои се јавени за збор.
Тој повторно ги потсети дека треба да се држат до деловникот, односно дека не е прифатливо да се премине кон четвртата точка, а тоа е избор за претседател на Собранието.
Во дискусијата се вклучи и претседавачот Трајко Вељанковски кој рече дека досега биле потрошени 1,095 минути за процедурално, без да каже колку биле потрошени за реплики и контра реплики.
И, според Вељановски досега ќе поминеле најмалку 7-8 дискутанти, кои биле на ред.
„Десет дена само СЈО го споменувате, а јас имам 10 истраги, но ниту една не сум споменал. Вие очигледно функционирате по принципот на Фројд. Колегата Милошоски несакајќи ги изреди сите 20 луѓе кои треба да одговараат. Не е проблемот во Комисијата, туку проблем е што не ви се оди во затвор„, посочи Петар Шилегов од СДСМ.
Во моментов е дадена пауза, а се очекува расправата продолжува по 15 часот./крај/мф/кл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_The_Business_of_Pleasure_2.jpg)
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/1-1-3.jpg)
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/gruevski-sud.jpg)
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.