Daily news
Шилегов: Поседуваме докази дека во Собранието е извршено кривичното дело на „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста„
Портпаролот и пратеник на СДСМ Петре Шилегов денеска посочи дека партијата поседува сериозни докази коишто упатуваат на тоа дека во четвртокот во Собранието беше извршено кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ .
„Се работи за Член 313 од Кривичниот законик на Република Македонија кадешто пишува:
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.
Имаме фотографии, видео материјали и други докази и знаеме кои се лицата кои со и без маски извршија обид за убиство на пратеници во Собранието, коишто напаѓаа новинари и вработени во Собранието.
Доказите ќе ги доставиме до надлежните институции.
Во јавноста веќе има снимки, направени од медиумите, од пратениците и останатите присутни во Собранието на коишто јасно се гледаат дел од насилниците и делата.
Укажуваме, Министерството за внатрешни работи и државното Јавно обвинителство, да не одолговлекуваат и да не бараат оправдувања на третиот ден по инцидентите, и веднаш да постапат, по службена должност, за утврдување на одговорноста.
Нападот на народни избраници, новинари, вработени во Парламентот, како и нападот на Собранието како државна институција е загрозување на уставниот поредок и безбедноста и мора да има одговорност. И нарачателите и извршителите на насилството во Парламентот мора да се соочат со правдата и тоа ќе се случи.
Освен домашната тоа го очекува и меѓународната јавност. Ќе посочам на денешната заедничка изјава на ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО кои упатија најостра осуда на организираниот напад во Парламентот, оценија дека властите не ги заштитија членовите на Парламентот и присутните новинари, дека нападот врз државна институција е напад врз самата демократија. И дека кривичните дела мора да бидат брзо истражени, а организаторите и извршителите да бидат изведени пред лицето на правдата!
Насилството поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков и група нивни соработници не смее и нема да ги спречи демократските процеси.
По изборот на собраниски претседател, граѓаните ќе ја добијат и новата реформска Влада којашто ја избраа на 11 декември„ рече Петре Шилегов на денешната прес конференција..крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.