Контакт

Daily news

Шилегов: Промена на власта набрзо ќе има

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

УЈП и антикорупциска досега по 10. пат бараат отчет за мојата имотна состојба, која е транспарентна и нема што да се крие, рече пратеникот Петре Шилогов во изјавата за медиумите, по информацијата дека УЈП бара отчет за неговиот имот од 2012 наваму.

„Она што го прават е партиски инструирано затоа што институциите се во заложништво. Поскандалозно е тоа што во изминатите три години антикорупциска отвори постапка против опозицијата, наместо да го истражува она што ние го објавивме во ‘Вистината за Македонија’. Но, добра вест е што наскоро ќе има смена на власта и ќе има независни регулатори и вистинска анткорупциска која ќе истражува вистински криминал.“

Што се однесува до поклопувањето на постапката за имотот на Зоран Ставрески, Шилегов рече дека тоа е случајност и дека не сака да има никаква поврзаност со него.

На новинарско прашање кога ќе се деблокира Собранието, тој вели дека тоа ќе биде наскоро, но не прецизираше кога.

„Промени ќе има многу брзо. Овој процес ќе биде откочен, а за Никола Груевски како нарачател и за Трајко Вељановски како спроведител на оваа лакрдија ќе следи кривична одговорност. Многу е јасно дека зад оваа ‘баба Рога’ односно платформа стојат тие за да ја избеднат одговорноста за сторениот криминал“, рече Шилегов.

Според Шилегов, лидерска средба нема да има затоа што со договорот од Пржино сите биле согласни за избори и сите го признале изборниот резултат.крај/мф/гд

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ2 часа

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија2 часа

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија2 часа

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија3 часа

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија3 часа

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ4 часа

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија5 часа

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...

Македонија6 часа

Тошковски: Прекршок ќе се регистрира од 57 километри на час при дозволени 50, толеранцијата како кај полициските радари

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај другите полициски радари, изјави...

Свет8 часа

Католиците во светот денес го слават Божиќ

Католиците, протестантите и другите верници кои се придржуваат до грегоријанскиот календар, денес ширум светот го одбележуваат еден од најрадосните празници...

Свет8 часа

Трката по суперинтелигенција: технологија што го менува светот или опасна илузија

Колумнистот на „Гардијан“, Рафаел Бер, пишува дека ако вештачката интелигенција не им го променила животот на луѓето во 2025 година,...

Свет8 часа

ФБИ пронајде повеќе од еден милион нови документи поврзани со случајот на Епстин

Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи кои би можеле да бидат поврзани...

Македонија9 часа

Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На...

Македонија20 часа

Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово

Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми...

Македонија20 часа

Бугарија понуди мазут за Македонија, од Владата уверуваат дека не е потребна надворешна помош

Бугарија ѝ понудила на Македонија итни залихи на мазут, со цел да помогне во надминување на кризата во снабдувањето со...

Македонија22 часа

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски...

Македонија24 часа

Вработените во Народниот правобранител алармираат: Се наоѓаме во безизлезна состојба

Вработените во Народниот правобранител и двајцата преостанати заменици на народниот правобранител велат дека се наоѓаат во безизлезна состојба и дека...

Македонија1 ден

Николоски: Владата ќе донира 100 нови комби-возила за „Пошта“

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот....

Македонија1 ден

Мицкоски со порака до граѓаните што заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува,...