Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Шилегов: Универзалната сала е затворена, а ние дојдовме да ја вратиме во живот

Објавено пред

На јавна трибина пред Универзалната сала, кандидатот за градоначалник за град Скопје од редовите на СДСМ, ги обвини властите од ВМРО-ДПМНЕ, за како што вели, изгубеното минато на Скопје. Според него, калето, камениот мост, Универзалната сала веќе не се автентични бидејќи се засенети од проектот Скопје 2014.

“Секашноста на Скопје е дека е најзагадена европска престолнина од сите градови во Европа. Дишеме воздух кој содржи најмалку 10 пати повеќе штетни честички од дозволеното. Од “Миле ми текна”, го одземаа зеленилото, земаа “џблк” парцели, а пак ни донесоа технолошки застарени автобуси. Му го одземаа и јавниот превоз. Јавен превоз е да се возите брзо, евтино и ефикасно, но и тоа го одземаа”, вели Шилегов.

Кандидатот за градоначаник упати низа обвинувања кон досегашниот градоначалник, Коце Трајановски, бидејќи според него, неговите идеи биле луди. Шилегов вели дека има чест да припаѓа на тим кој има план за иднина и ќе го врати животот во Скопје, онакво какво што го паметат граѓаните.

“Јас ви ветувам, дека Скопје со мене, ќе има градоначалник кој нема да седи и посматра, туку ќе реагира. Проблемот со загадувањето ќе го решаваме од првиот ден. Во моментов немаме податоци или градот ги крие, за тоа што е изворот за гушењето на Скопје. Но, додека трае истражувањето, ќе преземеме мерки според план. Ќе има Јавен превоз во деновите кога е најзагадено, нема да има градежни работи во местата кај што е најзагадено, ќе започнеме брзо зазеленување на градот. Примарен удар на загаденоста, ќе биде гасифакацијата на Скопје која ја започнуваме во 2018 година. За секој изграден стан во Скопје, ќе бидат засадени од три до пет дрва” додава Шилегов, претставувајќи ги мерките против загадувањето.

Според Шилегов, булеварите кои ги градел Трајановски досега, не се според стандардите, а планскиот пристап на СДСМ е сериозен.

“Булеварот кој завршува кај Влада ќе биде продолжен со два моста и подземен тунел. Јас ќе бидам човекот кој ќе гради мостови и ќе ги спојува граѓаните. Булеварот Словенија, преку новиот булевар Босна и Херцеговина, околу Железара ќе се спои со Гази баба и Аеродром. Скопјанец од Аеродрм да стигне до Ѓорче Петров за само 10 минути. Ова се само дел од проектите кои ги планираме, кај нас зборот е збор”, вели Шилегов.

Говорот на Шилегов беше проследен со овации кога се зборуваше за неговите проекти, а пак со “у-а” кога Шилегов ја претставуваше, според него, негативната страна на Трајановски.

Kристијан Ландов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет4 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет4 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет4 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет5 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет6 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија6 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава6 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија6 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава7 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....