Daily news
Шулц: Не смее да им се дозволи на Турците во Германија да гласаат за смртна казна
Кандидатот за канцелар на Германија, Мартин Шулц предупреди дека владата не би требало да се дозволи во Германија да се гласа на референдум за воведување на смртна казна во Турција. Шулц кој неодамна беше претседател на Европскиот парламент, за весникот Шпигел изјави дека „не може да се дозволи во Германија да се гласа за инструмент кој е спротивен на нашите вредности и Устав“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по својата победа на референдумот за измени на Уставот, со кои му се зголемија овластувањата, најави повторно воведување на смртната казна, на што остро се противат Германија и други европски земји.крај/мф/в.д
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
