Контакт

Daily news

Јолевски: Македонија ги исполни критериумите, НАТО да донесе позитивна одлука за полноправно членство

Објавено пред

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во петокот во Рим претседаваше на на тема „Балканските мрежи и стабилноста – поврзување на соработката и човековата безбедност“ која е дел од Конференцијата во организација на Одбранбениот колеџ на НАТО.

Јолевски како претседавач на сесијата посочи дека членството во ЕУ и НАТО е од стратегиско значење за Република Македонија, но и за Европа.

„Неопходно е Европа да биде креативна и да најде методи како ќе ги забрза интегративните процеси за преостанатите земји од Југоисточна Европа“, посочи министерот.

Говорниците на Конференцијата истакнаа дека иднината на земјите од Југоисточна Европа е во ЕУ и во НАТО. Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ кажа дека сите земји од регионот треба да започнат преговори за членство во ЕУ и дека Европската комисија треба да биде поактивна во надминувањето на билатералните разлики меѓу земјите – членки на Унијата и државите од регионот.

На Конференцијата беа изнесени мислења и во однос на последните активности во однос на членството на Црна Гора во НАТО и потребата од продолжување на проширувањето на Алијансата со Македонија и Босна и Херцеговина, особено имајќи ја предвид новата геополитичка реалност и предизвиците со актуелната мигрантска криза.

Целта на конференцијата e да даде дополнителен придонес за безбедноста на меѓународната заедница гледајќи од перспектива на политички и стратешки размислувања, а во насока на интеграција на останатите земји од Балканот и безбедносните случувања во регионот и Европа./крај/мф/кл

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет2 часа

ЕУ со предупредување до Турција: Сите опции се на маса

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел предурпеди дека сите опции се на маса во одбрана на интересите на ЕУ, ако...

Свет2 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет2 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет16 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија17 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија17 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија17 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија20 часа

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет20 часа

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија21 час

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија22 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија22 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија22 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија23 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет23 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија24 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ1 ден

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија1 ден

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет1 ден

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Досие