Контакт

Daily news

Алаѓозовски: Фасадата ќе остане шарена како симбол на падот на автократското владеење

Објавено пред

„Крајно лицемерно е да се говори  за грижа за културното наследство додека пропаѓа она врвното и најдрагоцено, како што е црквата во Курбиново, или, пак, Султан Муратовата џамија, која е единствена од ваков вид во регионот. Неморално е за културното наследство да говорат оние кои се обидоа да продадат врвно културно наследство, Офицерскиот дом во Битола, како обична недвижна ствар!“

dobivaj vesti na viber

Ставовите изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на 13.06.2017 година од страна на пратеникот Крсте Јовановски, како реакција на изјавата на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, дека ќе ја остави фасадата на зградата на Министерството со боите од Шарената револуција, Министерството за култура ги смета за очекувана реакција и продолжување со познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека е мошне лицемерно партијата ВМРО-ДПМНЕ да зборува за грижа за културно наследство и кривични пријави, кои допрва треба да следат, но токму за поранешната министерка за култура, во чиј мандат изгореа конаците на манастирите Св. Јован Бигорски и Трескавец, изгоре Беговата куќа во Велес, се случи најголемата кражба на артефакти во Музејот на Македонија, кој подолго време се распаѓа“.

Многу брзо, дури експресно, во обид да го обвинат новиот министер за непознавање на законите од областа на културата, всушност ВМРО-ДПМНЕ ја открива  сопствената  неукост, видлива и преку изнасилената, предимензирана реторика, која претставува обид за прикривање на сопствените злодела извршени врз културното наследство на Република Македонија, велат од министерството.

„Најпрвин, да посочиме дека оваа лоша намера е видлива поради брзањето да се реагира со употреба на погрешни термини како ‘санација’  и  ‘руинирање’. Имено, на фасадата на Министерството за култура не ѝ е потребна санација затоа што не е руинирана. На фасадата, при минатогодишните протести, на неколку места е нанесена боја, односно разреден поликолор, кој  се чисти со млака вода. Од конзерваторски аспект, за направените наводни ‘оштетувања’ на фасадата на зградата на Министерството за култура, може да се говори само за евентуално  безболно/рутинско чистење и евентуално белеење. За жал, пратеникот Јовановски го нарекува тоа руинирање на културното наследство, што е комично.

Според нив, сосема друго прашање е дали министерот ќе одлучи да ја задржи фасадата во постојната состојба, како сведоштво на Шарената револуција и борбата за демократија.

„Неговото дискреционо право и постојната законска регулатива му овозможува на министерот да го оформи својот став и да побара и експертска валоризација на културните аспекти на Шарената револуција, вклучувајќи ги и нејзините белези на фасадата, како дел од хронологијата на  опстојувањето на ова културно наследство. Тоа ни оддалеку не е интервенција од типот на рефасадирање на културното наследство, какви што имавме неколку во изминативе години, токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, белезите од Шарената револуција им пречат на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што сведочат за нивното заминување од власта по повеќе од една деценија автократско владеење, за што голем придонес има токму Шарената револуција. Оттука, разбирлива е и главната причина за овие бурни реакции. Нормално е и очекувано оваа партија и нејзините претставници да сакаат тие белези да бидат избришани затоа што ги потсетуваат на големиот пораз на нивните политики“.

Министерот  за култура, Роберт Алаѓозовски, ветува дека сосема спротивно од претходното раководство на министерството нема да постапува конспиративно, да поттикнува корупција, клиентелизам и криминал, да постапува незаконски, да брише утврден статус на културно наследство и да врши упад во работата на стручните служби, претворајќи ги во марионети.

Најавуваат и кривични пријави, и преиспитување на според нив криминалните активности на Плаошник, Скопско  Кале, за лажните  градби од  т.н. проект Скопје 2014, кои спротивно  на законот беа прогласени за културно наследство.

„Затоа, експресниот напад врз новиот министер, кој е на оваа функција само две недели, го сметаме за очајнички обид за прикривање на  злосторството врз културното наследство направено во изминатите 11 години. Но, ваквите обиди воопшто нема да го поколебаат Министерството да ги оствари своите заложби и новите културни политики, кои ќе бидат далеку постручни, поинклузивни и поефикасни од криминалниот и конфликтен пристап што беше нуден и реализиран сите овие години.“

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Родителите за загинатите деца во Пулс со порака: Пред Нова година и Божиќ кога сите се радуваат, ние живееме во болка

Со солзи и голема болка денеска маршираа низ кочанските улиците семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“. Во...

Македонија11 часа

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација...

Македонија12 часа

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати...

Свет14 часа

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални...

Регион16 часа

Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека син ги убил родителите со нож, па се фрлил од зграда

Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој...

Свет17 часа

Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев

Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот...

Свет18 часа

Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати

Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од...

Свет19 часа

Има повредени во рускиот напад врз Киев

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран...

Свет20 часа

(Фото+Видео) Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

Аеродромите во Жешов и Лублин во југоисточна Полска беа привремено затворени откако полските вооружени сили испратија борбени авиони како одговор...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинските превои Стража и Ѓавато, до 30 метри на...

Европа1 ден

(Видео) Британските ракети „Сторм Шедоу“ погодија клучна руска рафинерија

Украина потврди дека употребила британски крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ за напад врз голема рафинерија за нафта во Русија, нанесувајќи нов...

Македонија1 ден

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако...

Топ2 дена

Уапсен полицаец за изнуда: поднесена кривична пријава, следува суспензија од работното место

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“ од полицискиот службеник Х.З.(48) во Одделението за криминалистички работи Гази...

Македонија2 дена

По случајот со починатото новороденче на ГАК, Комисијата за стручен надзор констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, соопшти...

Македонија2 дена

Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги што ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните

Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот...

Македонија2 дена

Дислокацијата на цементарницата не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решението за воздухот во Скопје е системско, кое ќе понуди алтернативен начин за загревање на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Набавени нови 120 полициски возила за униформираната полиција

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи...

Македонија2 дена

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија2 дена

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија2 дена

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...