Контакт

Daily news

Арехологија: Истражувања на локалитетот Градиште кај Младо Нагоричане

Објавено пред

Пронајдена е и богата декоративна камена пластика и капители од јонски столбови.

dobivaj vesti na viber

 

Археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај селото Младо Нагоричане кои ги спроведуваат стручни лица од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет од Скопје, а во соработка со археолозите од Музеј Куманово, се продолжени до 15 јуни годинава, по што ќе следи обработка на материјалот и документирање.

Од музејот истакнаа дека истражувањата се реализираат со поддршка на Владата и Министерството за култура. Археолозите под водство на проф.д-р Марјан Јованов се во почетна фаза на истражување и се концентрираат на поширокиот простор околу репрезентативниот објект, палата пронајдена во претходните истражувања.

Археолозите во изминатите истражувања на овој локалитет пронашле остатоци од луксузна архитектура, градби во чии рамки биле вградувани јонски столбови од локално производство, локален камен од кој се произведени, за што доказ се пронајдените делови од столбовите.

Откриени биле ѕидови премачкани со малтер со фреско декорација, што сведочи за високото културно и цивилизациско ниво на кое се наоѓал овој безимен град на локалитетот Градиште.

Повеќеслојното наоѓалиште археолозите го истражуваат четири години по ред и досега откриени се делови од градби, меѓу кои значајни се остатоците од градбата кои, најверојатно, припаѓале на луксузна резиденција или палата, која датира од 4 век п.н.е.

Пронајдена е и богата декоративна камена пластика и капители од јонски столбови.

Локалитетот Градиште во Младо Нагоричане првпат е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот. крај/мф

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Што се’ денес договорија САД, Русија и Украина

САД денеска постигнаа договор со Украина и Русија за прекин на огнот во Црното Море и ветија напори за запирање...

Македонија4 часа

Социјалните работници бараат поголема заштита по пукањето кон нивната колешка во Прилеп

Социјалните работници од Прилеп, Неготино и Тетово застанаа зад нивната 36-годишна колешка од Прилеп, која вчера беше застрелана на работното...

Македонија5 часа

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Првиот од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство, по пожарот во дискотеката во Кочани, попладнево се врати во земјава...

Македонија7 часа

(Видео) Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов, велат од неговата гимназија

Со ракоплескање и прегратки беше дочекан денес 19-годишниот Јован Костадинов од гиманизијата „Ванчо Прќе“ од Виница, кој спаси 21 живот...

Македонија9 часа

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија10 часа

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија12 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија12 часа

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија13 часа

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...

Македонија13 часа

Чибишев: Јован е во одлична состојба, си отиде дома нашиот херој

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој од огнот во кочанската дискотека извлече 21 лице, е испишан од болница во одлична состојба,...

Македонија15 часа

(Видео) Јован Костадинов, храбриот млад човек, кој спаси 21 живот во трагедијата во Кочани, конечно се врати дома

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21...

Македонија16 часа

СДСМ: Бараме одговори, дали актуелните командири и началници од МВР се изземени од истрага?

„И по 24 часа од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, одговор нема. Ова е крајно...

Свет17 часа

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Сеул: пронајдено телото на мотоциклист, кој падна во неа

Човекот кој падна во голема дупка што се отвори на пат во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, е пронајден...

Европа18 часа

(Фото) Зеленски спие под фотографија од Кремљ во пламен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори....

Свет18 часа

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера...

Македонија1 ден

„Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава“: порачаа учесниците на протестниот марш

На Плоштадот Македонија во Скопје започна протестот на граѓанското движење „Кој е следен“. Учесниците бараат одговорност за трагедијата која минатата...

Топ1 ден

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп: повредено вработено лице, сторителот уапсен

Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје...

Топ1 ден

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на...

Македонија1 ден

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за...