Daily news
Астролозите ви откриваат кои жени се склони кон неверство
ОВЕН
Тие се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Тие вршат неверство во оној момент кога во врската ќе завладее монотонијата, но исто така лесно се откриваат. Овните се нескротливи и би требало да ги прифатите како такви.
БИК
Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив изневеруваат кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите, Биковите се најверни и со нив сте најсигурни.
БЛИЗНАЦИ
Скоро никој не е способен успешно да изврши неверство како Близнаците. Тие внимаваат на секој детаљ и секој чекор, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои ги прикриваат. Ретко кој успева да ги издвои емоциите и страста како Близнаците.
РАК
Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари. Па така, сè додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот. Тие се грижат само за нив, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.
ЛАВ
Огнениот знак Лав поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да ги смири, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно се препуштаат на страста.
ДЕВИЦА
Верноста им е поважна од сè, но доколку се незадоволни од врската, може да извршат неверство. Сепак, лесно можат да се откријат, бидејќи постојано ќе го критикуваат партнерот. Тие не остануваат само на едно неверство и на еден партнер.
ТЕРЕЗИЈА
Терезиите го обожаваат флертот и постојано флертуваат. Се забележува дека изневеруваат кога драстично ќе започнат да го менуваат мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството никогаш нема да го признаат.
СКОРПИЈА
Скорпиите се обидуваат да се контролираат, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко ќе пристапат кон изневерување или ако се случи тоа, имаат грижа на совест.
СТРЕЛЕЦ
За нив сексот е рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им згреши, веднаш станува минато. Сакаат сè што е забрането, а кога љубовта ќе ја снема, не многу се трудат да ја вратат.
ЈАРЕЦ
Не се склони кон авантури и неверства, туку на големо заговараат верност. Сепак, во случај на алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.
ВОДОЛИЈА
Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да навлезе монотонијата. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.
РИБИ
Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат од партнерот и животот, воопшто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.