Контакт

Daily news

Барселона: Илјадници туристи и граѓани порачаа „Не се плашиме“

Објавено пред

Илјадници туристи и граѓани денеска се собрале во Барселона со порака „Не се плашиме“, девет дена по терористичките напади на „Исламска држава“ во кои загинаа 15 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Поворката ја предводеле полицајци, медицински персонал и останати служби кои биле вклучени во спасувањето по нападот, а зад нив чекореле претставници на политичките партии. Во поворката, која ја организирале каталонската влада и градските власти, учествувал и шпанскиот крал Фелипе Шести.

Во петокот сличен протест против тероризмот се одржал и во приморското гратче Камбрилс во кој во терористички напад што се случи на ист ден со оној во Барселона загина една жена, а полицијата ги ликвидираше петтемина напаѓачи.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој вчера ги повика граѓаните да излезат на улица во што поголем број и со тоа јасно да искажат противење на тероризмот.

Собири биле организирани и во гратчето Риполи, каде што живееле повеќето обвинети терористи. За учество во нападите обвинети се 12 мажи од кои осум се убиени, двајца се бранат од слобода, а двајца се во притвор без право на кауција.

Одговорноста за нападот ја презеде ИД која во пропагандната порака соопшти дека нападот бил извршен заради учеството на Шпанија во меѓународната коалиција во борбата против калифатот што ИД го прогласи во 2014 година, на освоените делови во Ирак и во Сирија.

Нападите во Барселона и Камбрил се први напади во Шпанија по бомбашкиот напад во 2004 година во метрото во Мадрид во кој загинаа 192 луѓе.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет2 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет2 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет2 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет2 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион10 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа11 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет15 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет16 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија16 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија16 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија17 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија18 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија18 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија19 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија20 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ20 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија20 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет21 час

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...