Контакт

Daily news

БЕГ: Сумирани резултатите од грејната сезона 2016/2017

Објавено пред

БЕГ (Балкан енерџи груп) ќе ја заврши годинешната грејна сезона со нови 2.300 потрошувачи, од кои речиси половината се потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот.

dobivaj vesti na viber

 

Ова е дел од информацијата за активностите во грејната сезона 2016-2017 што ја разгледуваше Бордот на директори на БЕГ. Меѓу другото се констатира дека големиот број нови потрошувачи е резултат на повеќе фактори, од кои пресудни се: високиот квалитет и конфорт, проследен со конкурентна цена на централното во споредба со другите начини на греење, понатаму можноста за бесплатно приклучување кон системот, а секако и еколошкиот придонес за градот, со оглед на тоа што ваквиот начин на греење не ја загадува околина.

 

Раководството на БЕГ одлучи да продолжи со реализација на инвестицискиот циклус за натамошна модернизација и воведување висока технологија во целокупниот систем за централно греење, со што ќе се зголеми неговата ефикасност и атрактивност за потрошувачите и ќе се создадат услови за натамошно зголемување на искористеноста на системот кој има можност да прими и услужи двојно повеќе корисници од сегашните.

 

На ваков начин, потенцираат од БЕГ, ќе се отвори простор за натамошно намалување на цената за крајните поединечни потрошувачи, затоа што таа во голем дел зависи и од бројот на приклучени корисници.

 

Натамошната реализација на инвестицискиот циклус означува премин на системот за централно греење од технологија на седумдесеттите години од минатиот век, кон високите модерни технологии базирани на автоматизација, софтверски процеси, нови уреди и материјали.

 

За следење на процесот на модернизација неопходно ќе биде и раст, како и усовршување на знаењата и вештините на вработените во компаниите на групацијата од чие залагање за напредок и усвојување на новите технологии зависи успехот на модернизацијата.

 

За таа цел, ќе се спроведе и програма за внатрешно преструктуирање и обука на персоналот согласно новите технолошки барања. Овој процес ќе отвори и можност за ангажман на нов високоедуциран кадар којшто би дал свој придонес кон напредокот и модернизацијата.

 

Инаку, вкупните вложувања во системот, од 2013 година кога групацијата БЕГ започна да управува со дејноста на централно греење, до денеска, надминаа вредност од 8 милиони евра.

 

Во делот на производството, воведена е целосна гасификација на топланите, при што елиминирана е емисија на штетни SО2 гасови за 1000 тони во сезона. Направена е и модерницација на електро-енергетските постојки и постројките за подготовка на технолошка вода.

 

Во тек е инсталирање на систем за целосна автоматизација на топланите. Во делот на дистибутивната мрежа, со замена на дотраените цевководи кои имаа лоша топлинска излолација, со нови и воведување систем за автоматска детекција на дефекти, значително се намалени загубите на вода, а остварено е и намалување на топлинските загуби за 10.000 MWh.

 

Дополнително, направена е интеграција на поединечните мрежи во една, а во тек е воведување на најсовремен (SCADA) систем за мониторинг и контрола на топлински станици и оформување на модерен диспечерски центар што значително ќе ја зголеми целокупната ефикасност и доверливост на системот.

 

 

Паралено, започната е и реализацијата на инвестициската програма на диструбутивниот систем, со замена на два магистрални водови со вкупна должина од 4,5 километри, што е најголем проект од ваков вид во последните 25 години.

 

Остварени се и значајни вложувања во квалитетот, обемот и достапноста на услугите за потрошувачите. За таа цел, креиран е нов интернет портал кој овозможува брз и ефикасен канал за комуникација со Центарот за грижа на потрошувачи, како и директна пријава на дефекти, течења или рекламации за квалитетот на греењето, увид и плаќање на сметките (фактурите) преку услугата BegEPay, како и  информации и совети за поголема енергетска ефикасност, одржување и сервис на внатрешната грејната инсталација и пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење.

 

Во наредниот период, групацијата ќе продолжи со вложувања во сите овие сегменти, како и во започнатите проекти за зголемена енергетска ефикасност, како што се: изолирање на вреловодните цевки во подрумските простории и во влезовите на објектите, имплементација на системи за заштеда на електрична енергија во подстаниците на објектите, промовирање на комбинирани бојлери за топла вода и друго, со чија имплементација потрошувачите можат да оставарат дополнителни заштеди.  крај/мф/кс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Јадете 3 до 4 часа пред спиење, умерено со алкохолот и без петарди – совети за безбеден дочек на Новата година

Новогодишните празници носат промени во секојдневниот ритам, но и зголемени здравствени ризици доколку не се внимава на исхраната, консумацијата на...

Македонија10 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...

Европа11 часа

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на...

Македонија12 часа

(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија...

Македонија13 часа

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Забава14 часа

Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде

„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните...

Македонија14 часа

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија16 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија17 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија19 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија19 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија19 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет20 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет21 час

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет21 час

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет21 час

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија1 ден

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија2 дена

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...