Контакт

Daily news

Брзо одење или трчање?

Објавено пред

Сигурно и вие немате време секој ден да одите на вежбање бидејќи тоа подразбира секојдневно прилагодување на времето, моменталното расположение и распоредот на тренинг. Добрата вест е дека некои вежби можете да ги правите на отворено, без надзор од тренер.

dobivaj vesti na viber

Кардиоваскуларните вежби се најдобар пример за тоа. Тие се сметаат за најдобри вежби кога станува збор за слабеење и одржување на здравјето. Лесни се за извршување, не е потребна дополнителна опрема, а ефикасно согоруваат калории. Брзото одење, пливање и трчање се само дел од тие кардиоваскуларни вежби.

Koга се поставува прашањето дали е поефикасно брзото одење или трчањето, стручњаците се поделени во мислењата бидејќи сметаат дека зависи од поединци. Која вежба и да ја изберете треба да знаете дека има и предности и маани. Предвид треба да ја земете својата цел, возраст и телесната тежина бидејќи не може секој да ја прави секоја вежба и истата не дава еднакви резултати кај сите. Треба да почнете бавно и постепено да го зголемувате времето и интензитетот на вежбање. Ако имате некаков здравствен проблем, задолжително посоветувајте се со лекар пред да почнете со тренинг.

Голем број студии покажуваат дека трчањето троши повеќе калории, што е вистина. Но, кога е во прашање броењето калории, брзината е важен фактор. Ако трчате бавно, а одите многу брзо, тоа значи дека со брзо одење ќе потрошите многу повеќе калории. Исто така, ако сте во состојба повеќе време да одите брзо, а пократко време да трчате, тогаш со одење ќе потрошите повеќе калории. За трошење најмногу калории најдобра комбинација е трчање и брзо одење.

За да може да се споредат овие две активности, треба да се одвиваат со иста брзина и оддалеченост. На тој начин, трчањето зазема прво место, но ефикаснота на брзото одење значително може да се зголеми ако носите тегови за раце и нозе.

Што се однесува до предностите за здравјето на срцето и крвта, и двете активности се подеднакво ефикасни бидејќи ја забрзуваат работата на срцето, дишењето и поттикнуваат потење.

Брзото одење носи помали ризици од повреди за разлика од трчањето. Сигурно е за сите возрасти и за секоја телесна тежина. Истото се смета за најбезбедна вежба. Трчањето, од друга страна, го зголемува ризикот од повреди, особено во пределот на колената. Факторите како телесната тежина и возраста мора да се земат  предвид кога е во прашање трчањето.

Трчањето е вежба со посилен интензитет во однос на брзото одење, а не се препорачува на луѓе кои имаат болки во грбот или колената. За да го намалите ризикот од настанување повреди во текот на трчањето, вложете во квалитетни патики и изберете соодветна површина за трчање, како патека за трчање или рамна тревна површина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 час

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на Левицата да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ3 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија4 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет5 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија5 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет6 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет6 часа

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет6 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија16 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет19 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет19 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија20 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија20 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија21 час

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија1 ден

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија1 ден

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија1 ден

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија1 ден

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ1 ден

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...