Контакт

Daily news

Бугарскиот армиски театар и камерниот оркестар „Турксој“ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Петанесеттиот ден од фестивалот Охридско лето е резервиран за театарската претстава „Отело“, во изведба на театарот на бугарската армија, и за концертот на младинскиот камерен оркестар „Турксој“, под диригентство на Анвар Акбаров од Казахстан и Мустафа Мехмандаров од Азербејџан.
Едвај и да има театарска сцена во светот на која не се игра барем една од драмите на Шекспир, а меѓу денешните режисери многумина биле во искушение да допишуваат и препишуваат во духот на денешното време не помнејќи и не знаејќи дека такви обиди се правеле уште од многу одамна.

dobivaj vesti na viber

Во фикцискиот свет кој треба да е слика на големиот вистинскиот свет надвор од ѕидовите на театарот, доброто и злото никнуваат постојано едно до друго. Доброто по самата природа е ранливо. Чесните и благородните луѓе не препознаваат лесно зло кај другите бидејќи не го носат во себе. Тие исто така, поради добрината, не се агресивни и стануваат жртви на туѓата агресија.

Злото, од друга страна, секогаш е незадоволство од состојбата на статус кво и со сите дозволени и недозволени средства се стреми кон поволна промена за себе, притоа, пред сè, за сметка на најдобрите, кои се најлесниот плен, и речиси секогаш успева да ги погуби. Но, порано или подоцна, поради самата ненаситна природа, тоа задолжително се враќа против самиот себе. Но, доброто секогаш е склоно кон сочувство и саможртва…

Режисерот на поставката на „Отело“, Иван Бончев Урумов, е дипломец на академијата за режија, на катедрата кај професор Азарјан во 1993 година. Како професор по режија предава во театрите ДТ „Н.О. Масалитинов“ во Пловдив, Младинскиот театар „Н. Бинев“, ДТ „А. Будевска“ во Бургас, а од 2017 година е режисер во театарот на бугарската армија во Софија. Режисер е на повеќе драми, од кои позначајни се: „Есенска соната“, „Женидба“, „Тартиф“, „Ромео и Јулија“, „Љубовник“ и др. Тој е добитник на повеќе награди и признанија.

„Отело“ ќе се игра на сцената во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

За вечерва е предвиден и големиот концерт на младинскиот камерен оркестар „Турксој“, под диригентска управа на Анвар Акбаров од Казахстан и Мустафа Мехмандаров од Азербејџан.

На програмата се „Холберт свитата“ на Грег, концерт за четири виолини на Вивалди со настап на уметниците Рамина Мукушева, Талантбек Молдоканов, Ајдан Саламова и Илајда Зејнеп Коксал, потоа одбрани дела на Чајковски, Шнитке, Гараев, Респиги, Бегалиев, Еркин, Ализадех, Туилиев со солистот Алија Машкајева на виола, и на Сарагов со солистот Рамина Мукушева.

Инаку, Младинскиот камерен оркестар на организацијата за турска култура секоја година ги избира најдобрите студенти од конзерваториумите од земјите членки на „Турској“ со цел промоција на музичкиот талент и турската култура, како и промоција на дела од композитори со турско потекло кои живеат и творат во земјите на организацијата. Од неговото основање во 2010 година оркестарот настапувал заеднички девет пати одржувајќи 40 концерти во сите земји на организацијата, како и во Европа и САД.

Во 2011 година оркестарот го снима првиот носач на звук посветен на 20-годишнината од прогласувањето независност на турските републики, а во 2013 година го снимаат вториот компакт-диск по повод одбележување 20 години од основањето на организацијата „Турској“.

Се издвојуваат настапите на оркестарот на интернационалниот фестивал во Единбург, на фестивалот за млади во Бајројт, како и концертите во престижниот „Линколн центар“ во Њујорк и центарот „Стратмор“ во Вашингтон.

За настапот на камерниот оркестар „Турксој“ од 20.30 часот е резервирана големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, а влезот е слободен.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет38 минути

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија41 минута

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија47 минути

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет10 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија15 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ17 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија18 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет21 час

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет21 час

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија22 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет22 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија23 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија23 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија1 ден

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија2 дена

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет2 дена

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...