Контакт

Daily news

Бум на домашната литература – пазарот неподготвен

Објавено пред

Светски а наши, може слободно да се каже за голем дел од романите што стигнуваат од младата и средна писателска генерација. Жанровски разновидни, модерни, храбри и романите и поезијата на младата генерација, се чини, повторно го популаризираа читањето на печатени изданија, во ерата на голема конкуренција од електронски библиотеки. Изданијата на домашни автори доживуваат исцрпени тиражи, па се печатат по втор или третпат.

dobivaj vesti na viber

Интересот кај читателите станува сè поголем, па се менува трендот во книжарниците повеќе да се бараат преводи на светската белетристика за сметка на нашата. Со ова се согласуваат и издавачите и авторите. Што се однесува до авторските права, тие кај нас се почитуваат, барем кога е во прашање литературата. Повод да проговориме на оваа тема е денешното одбележување на светскиот ден на книгата и авторското право, што кај нас се одбележа во Националната и универзитетска библиотекла „Св. Климент Охридски“. Овој ден е одреден во 1995 година од УНЕСКО во чест на датумот кога во 1616 година починале двајца великани на светската книжевност – Вилијам Шекспир и Мигуел де Сервантес.

Според Ѕвездан Георгиевски, новинар, публицист и писател, кај нас основен проблем е што немаме сериозен пазар на книги, а Министерството за култура иако поддржува печатење на стотици наслови годишно, нема стратегија за нивниот пласман.


– Барем што се однесува до книжевноста, во Македонија се почитуваат авторските права. Првенствено затоа што тие се најевтини. На крајот на краиштата, авторите и не инсистираат премногу на сопствените права водејќи се од идејата дека е поважно нивниот труд да види бел ден отколку да се „цевчи“ за некој денар повеќе или помалку. Всушност, основниот проблем е во тоа што Македонија нема и никогаш немала сериозен пазар за книги. На сила е еден интересен феномен: Министерството за култура на годишно ниво поддржува стотици и стотици наслови (да не говорам сега и за нивната сопствена издавачка дејност), а не поддржува дистрибуција на производот што го плаќа. Резултат на тоа е што во метрополата имате максимум три до четири функционални книжарници и исто толку во целата држава! Со други зборови, книжарниците се третираат како комерцијални и трговски објекти (исто како продавници за чевли или кафеани), а не како просветителски институции. Жално е што и библиотеките сè помалку откупуваат книги, смета Георгиевски, чиј роман „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, за кратко време се стекна со голема популарност.
Наградите, промоциите и споделувањата на социјалните мрежи го зголемуваат интересот кај читателите, па според Георгиевски, тоа е добар мотив за писателите.
– Среќната околност на оваа позиција е дека издавачите и книжарите се принудени да прават маркетинг на сопствените изданија и производи, па мислам дека на тоа се должи бумот на македонската литература, на кој сме сведоци во последниот период. Сепак, новите технологии, општата писменост, социјалната ситуација и низа други фактори условуваат продаден тираж од, на пример, 500 примероци во две години од една книга да направи бестселер. Се разбира дека ваквиот тираж никому нема да му донесе некаков особен ќар, освен можеби престиж. Но, без оглед на тоа, наградите, промоциите и социјалните мрежи, сепак, го зголемуваат интересот на читателите кон некое дело, а тоа повратно пак ги мотивира авторите и натаму да пишуваат. Од тој квантитет, како што можеме сите да забележиме, излегува и сериозен квалитет. Работа на државата и на културната политика е тој квалитет да го поддржи и прошири надвор од нашите граници, вели тој.
За писателката Лидија Димковска, според соодветна популаризација од страна на семејството, образовните институции и на државата треба да се погрижиме секој ден да биде ден на книгата.


– Имам впечаток дека во Македонија читател се станува случајно, а се останува или не – намерно. Всушност, не знам колку и како се чита, но оптимистички звучат изјавите на издавачите дека македонската литература се чита сѐ повеќе. Идеално би било кога ден на книгата би бил секој ден од нашиот живот. Тоа, всушност, и не е невозможно, но потребна е многу поголема грижа и посветеност од страна на семејството, образовните институции и на државата во целост – уште од мали нозе книгата да му стане најдобра пријателка на секого, смета Димковска.
Генералниот секретар на Националната комисија на УНЕСКО Лидија Топузовска во денешното обраќањето во НУБ, истакна дека нашиот однос кон книгата во голема мера го одредува нашиот однос кон културата. Рече дека книгата има универзално и непроценливо значење за човештвото, дека е средство која ја изразува и во исто време ја зачувува културната разноликост на народите. Притоа го подвлече и апелот на УНЕСКО.
– Оваа година УНЕСКО овој ден го посвети на најранливите категории, со што се вклопува со хуманите принципи и иницијативи на оваа Организација на Обединетите нации. Во таа насока, ќе се обратам до сите надлежни институции и до поединци – да им помогнат на младите и на ранливите категории граѓани – да добијат квалитетно образование достапно до сите подеднакво, за да им овозможат еднакви можности за усовршување и вработување, рече Топузовска, цитирајќи ја Бокова од нејзината порака – хуманоста на едно општество се мери со степенот на грижата кон најранливите категории.
Во холот на НУБ беа изложени книги од македонски и од странски автори и, според стариот каталонски обичај, посетителите добија на подарок книга и роза. крај/мф/ав

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија16 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија16 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет17 часа

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет17 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија18 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет19 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ19 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет19 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија19 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија1 ден

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет1 ден

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија2 дена

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија2 дена

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ2 дена

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија2 дена

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...

Македонија2 дена

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Свет2 дена

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...