Daily news
(ВИДЕО) Ванхојте: Среќавам политичари што се однесуваат како деца

Белгискиот експерт Питер Ванхојте се врати во Македонија за да помогне во имплементација на реформите во медиумите. Во интервјуто за „Макфакс“ тој го посочи фиксирањето на буџетот како најголем предизвик за новата влада, покрај политичкото помирување меѓу етничките заедници, но и со ВМРО-ДПМНЕ.
„Ве очекува многу работа. Би ѝ сугерирал на владата да работи полека, да не брза, да оди чекор по чекор, да ги дефинира приоритетите и потоа да направи трасформација. Да направи сè што треба да направи. Мое чувство е дека буџетот во моментов е голем предизвик. Имате многу мал буџет и треба да бидете многу внимателни како го трошите, да го трошите на поефикасен начин и да се справите со долговите од минатото. Исто така, треба да ги дефинирате новите приоритети. Многу важен е економскиот развој, реформите во медиумите, реформите во здравството, во образованието – има толку многу работи со кои треба да се зафатите. Мој совет е – дајте им некое време на властите да се справат со овие проблеми, една до две години, а потоа можете да бидете покритични кон нив. Ве молам почекајте малку ако не остваруваат веднаш, не очекувајте дека оваа влада може да смени сè е за два дена од сега“, порача Ванхојте.
На прашањето зошто лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, сè уште е добро примен од високите официјални преставници во Брисел, Ванхојте одговори:
„Се сомневам дека е добро примен. Секако, да, од извесни официјални претставници, но од многу други не повеќе. Мислам дека треба да почекаме и да видиме што ќе се случи со можните обвиненија против него и како ќе бидат процесуирани. Моето чувство, според информациите со кои располагам, е дека треба да почекаме судскиот систем да се справи со нив. Тој треба да сноси одговорност како поранешен премиер за сè што направи и како прв човек во претходната влада да им објасни на граѓаните зошто го направи и како го направи тоа“.
Според него, време е да се реинтегрира СЈО во регуларното Јавно обвинителство за да се осигура продолжување на прогонот околу нелегалното прислушкување.Околу шегата кај нас дека неговите мачки го изгребале мерцедесот на нашиот поранешен премиер, Ванхојте даде сериозен одговор:
„ Можам само да кажам дека сум видел многу политичари последните години и некои од нив се однесуваат како вистински деца, предизвикуваат многу штета и се однесуваат на многу неодговорен начин. Се надевам и сигурен сум дека оваа влада ќе се обиде да испорача резултати и ќе се однесува на одговорен и на отчетен начин кон граѓаните. Имате министер за транспарентност и тоа е голем чекор во моментов“.
С. Јовановска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.