Контакт

Daily news

Велиан Јагев: Лима, мој роден крај (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено пред

Следејќи ги сенките на своите предци, шумарскиот инженер, роден и одраснат во главниот град на Перу, по речиси четири децении го посетил географскиот и емоционален предел на своето детство, со чувството дека никогаш и не заминал оттаму.
Како почнуваат приказните? Обично некој „мал“ човек ќе направи голем чекор за мал дел од човештвото. Може и за семејството, роднините, блиските, пријателите, нека биде и за неговиот роден крај.
Така, пред повеќе од шеесеттина години битолчанецот Ајри Демировски, иселувајќи се во Турција, ја напишал песната „Битола, мој роден крај“, којашто се смета за неформална химна на сите битолски печалбари и иселеници. Демировски повремено се враќал во својата родна Битола, а починал во Измир, каде што живеел четврт век.
Нашата приказна, за која нема песна, започнува со еден друг битолчанец, Вангел Јагев, кој пред Првата светска војна, во потрага по поубав живот и подобра заработувачка, заминал дури во Лима, главниот град Перу, во Латинска Америка. Во Лима се занимавал со текстилна индустрија, бил претставник на француска модна куќа, па пред Втората светска војна се вратил во Битола, каде што отворил текстилна фабрика.

dobivaj vesti na viber

 

Велиан Јагев

 

Одење и враќање

По војната, со менувањето на режимот, неговата фабрика била национализирана. Па синот на Вангел, Велиан, по завршувањето на студиите по ветерина во Белград, со сопругата Вера и ќерките Виолета и Маргарита, во почетокот на шеесеттите години заминале по истата маршрута – во Лима. Постоеле некои познанства на стариот Јагев, но тоа не било пресудно Велиан да замине во Перу. Работел како ветеринар на огромната хациенда на некој Германец од Швајцарија, во Андите, а Вера се грижела за домаќинството. Во Лима во 1967 година е роден нашиот соговорник, Велиан Јагев, кој го носи татковото име.
„Во Перу има огромен сточен фонд, па постои и вечна расправија со Аргентинците околу тоа чие месо е поубаво. Перуанците им признаваат на Аргентинците дека месото од нивните говеда е помеко и посочно, но истакнуваат дека перуанските говеда се одгледуваат на планински предели и на поголема височина, па иако е пожилаво, тоа е повкусно“, Јагев на почетокот ни ги објаснува некои од финесите на вечното латиномаериканско гастрономски дерби.

 

Заливот Лима

 

Тој живеел во Лима до 1976 година, најпрвин го научил шпанскиот јазик, па потоа дома македонскиот.

„Кога моите дома зборуваа на македонски јазик, тоа за мене беше неразбирливо како да зборуваат на кинески јазик“, се сеќава Јагев, шумарски инженер по професија и актуелен технички директор во „Паркови и зеленило“.

Како дете за себе најпрвин мислел дека е Перуанец, па потоа Југословен. Тогашната македонска заедница во Лима броела само неколку семејства, вклучувајќи го и тоа на тогашниот југословенски амбасадор во Перу, писателот Коле Чашуле, за кој Велијан се сеќава дека неколкупати им бил гостин дома. Од другите семејства, Велиан се сеќава на македонските архитекти Мачкиќ и Шојлевски, кои како експерти за земјотресно инженерство биле ангажирани во проект од Обединетите нации бидејќи целиот тој западен појас на Латинска Америка е многу трусно подрачје.

„Имам доживеано силен земјотрес во Лима, се тркалав низ куќата, која се наоѓаше во квартот Сан Исидро, како и моето училиште ‘Јохан Хајнрих Песталоци’. Училиштата ‘Песталоци’ се образовна франшиза, наставниците беа Германци од Германија или Швајцарија, и наставата беше на шпански и германски јазик. Шпанскиот јазик сè уште го владеам одлично, но германскиот, за жал, го подзаборавив. Пред да се вратиме дома, во Македонија, почнав да ја учам кирилицата. Кога дојдовме во Скопје, се населивме во населбата Аеродром, и јас тргнав во петто одделение“, раскажува Јагев.

 

Оаза Ика

 

Тој отсекогаш ја сакал природата, до неодамна активно се занимавал со планинарење, па изборот на професијата бил лесно предвидлив. По враќањето во Скопје татко му бил ветеринар во Зоолошката градина, но Велиан помладиот повеќе време сакал да минува во најблиското соседство, во Природонаучниот музеј, па оттаму и неговата пасија, која освен риболовот, е и фотографирањето инсекти, односно макрофотографијата.
На почетокот на минатата година за првпат по 38 години повторно го посетил Перу. И веќе ја планира повторната посета. Можеби крвта не е вода, но и сенките на предците и сеќавањата од деството не се за фрлање, туку одлична можност за нови истражувања.
Повторно дома
Заминувањето на Јагеви од Перу било мотивирано пред сè од постојаната желба на семејството за враќање во родниот крај, што, конечно, се остварило кон средината на седумдесеттите години. Во Перу тоа е времето на воените хунти, на појавата на екстремистички левичарски движења како што беше „Сендеро луминосо“ („Патот на светлината“) и на политичка нестабилност.
„Животот во Скопје за мене првично беше голем шок! Не го знаев најдобро македонскиот јазик, за врсниците бев странец, ме викаа ‘Перуанецот’. Интересно е што на почетокот колку што не ме прифаќаа, толку им бев и интересен како новодојденец кој зборува шпански јазик, кој тогаш, пред појавата на шпанските серии, и не беше многу фреквентен кај нас“, Јагев се сеќава на своите скопски почетоци.

 

Нирвана во Тинго Мариа

 

Сепак, иако поминале речиси четири децении, семејството Јагеви ги задржале контактите со пријателите кои ги стекнале за време на двете децении живот во Лима.

„Контактите, всушност, повеќе ги одржуваа моите родители и моите постари сестри, на пример со моите кумови, иако никогаш повторно не отидоа во Перу. Сепак, јас одлучив да ја посетам земјата на моето детство. По 24-часовен лет од Скопје, преку Рим и Амстердам, стигнав во Лима. Тогаш како да ми се врати целиот филм од детството, како кога човек ќе го најде тоа што му недостасувало цел живот. Како никогаш да не сум заминал оттаму. Ме пречекаа старите кумови, нивните деца кои со работата се раштркани низ светот“, вели Јагев.

Тој нè запознава со кроки-портретот на Перу. Населението во Перу главно потекнува од домородните Индијанци, мал процент се доселеници од Европа, најмногу Шпанци, потоа Црнци, некои од нив потомци на некогашните робови од Африка, Кинези, Јапонци, но и припадници на нации од целиот свет. Од Балканот најбројни се Хрватите.
„Перу има долг крајбрежен дел на Тихиот Океан, со пустински предели (дел од познатата пустина Атакама, која во најголем дел се наоѓа кај јужниот сосед Чиле), потоа планински дел со Андите, а од нивната друга страна, до која се доаѓа преку вториот највисок патнички премин на светот по Тибет (на височина од речиси 4.000 метри), се наоѓаат дождовните шуми на Амазонија. Земјата има 40 милиони жители, од нив 10 милиони живеат во Лима, а површината на Перу е како педесет Македонии. Во ерата на шпанските конквистадори Лима била седиштето на шпанскиот вицекрал, надлежен за Латинска Америка. Секако, денеска Перу е најпозна по цивилизацијата на Инките, – и нивниот древен град, Куско, додека скриен високо на Андите се наоѓа другиот најпознат град од нивната ера, Мачу Пикчу“, набројува Јагев.

 

Јагев во националниот парк Паракас

 

Туризам и авантуризам
Во Лима, односно во Перу поминал три недели. Неговото познавање на локалниот шпански јазик секако дека му било од голема корист во комуникацијата и изборот на дестинациите

„Националниот парк Паракас, на морскиот брег, е една од задолжителните дестинации. Тука доаѓаат морските лавови, познати и како фоки, на парење, а можат да се видат и пингвини, делфини, фламинга и други птици. Крај овој резерват се наоѓаат и островите Баљестас, тоа е архипелаг од островца преполни со птици, од чиј измет се создаваат големи наслаги на гвано, извонредно природно ѓубриво, што порано многу се експлоатирало а денеска е ставено под контрола. Од Паракас продолживме кон Ика на југот на земјата, па кон Наска, каде што се наоѓаат оние фамозни цртежи во пустината, кои, секако, најдобро се доживуваат ако се гледаат од горе, од авионче. Иако изгледаат мистериозно, тие цртежи се направени со човечка рака, а нивната изработка била координирана од креатори кои гледале од горе, веројатно во балони наполнети со топол воздух“, раскажува Јагев.
По овие традиционални туристички дестинации, Јагев како шумарски инженер не пропуштил да замине во дождовната шума. По 12 часа возење со автобус од висока туристичка класа и поминати 530 километри преку Андите, Јагев од Лима стигнал во местото Тинго Марија.

 

Кафеанче во Тинго Мариа

 

„Тинго Марија за мене е местото каде што се симнал Господ и направил рај. Познато е по рибата арапаима, која Перунаците нагалено ја викаат пајче.Таму отседнав во гостинската куќа на домаќинот Ромел, другар на мои другари: Латиноамериканците имаат обичај да ги крстат децата по некоја славна историска личност. Куќата за гости на Ромел воопшто и не личи на некоја куќа, туку тоа е мало ресторанче сместено во крошните на едно високо дрво, околу 4 метри над земјата. Всушност, тоа е отворена тераса каде што се спие на под. Веќе следниот ден сфатив зошто е така изградена: заврнало дожд на Андите, и под нас течеше поројна река!“, Јагев ги споделува импресиите од шумската дивина.
Арапаима е една од највкусните риби на светот, а Јагев ја ловел три дена, но без поголем успех.
„Тоа се огромни риби.’Пајче’ од 80 килограми се смета за мало парче! Ловев од брегот, со дебел конец и голема јадица, еден вид пирана – се вика паку и е карактеристична што има заби налик на човек – како мамец. Три дена врнеше ситен дожд, па рацете и нозете ми беа парче од инсектите кои постојано касаат. Сепак, пробав арапаима кај одгледувач на риби“, наведува Јагев.

 

Гастрономски врв „севиче“

 

Рај за гастрономади
Според искуството на Јагев, освен арапаимата, и јадењето со име севиче е со вонсериски квалитет. Тоа може да биде риба, но и морски плодови, маринирани во сок од лимон и лимета. Се јаде сирово откако ќе отстои во маринадата 15-20 минути.
„Нивниот лимон и нивната лимета се екстремно кисели, па рибата е практично ‘сварена’ само од сокот. Потоа, вистински деликатес е пилешкото во Ика. Кога другарите ми рекоа дека ќе одиме на пилешко, се зачудив на нивниот избор, покрај толку убаво говедско месо и риба. Е, тоа пилешко е посебно бидејќи го печат на едно ароматично дрво кое е заштитено со закон. Неговата сеча е ограничена, може да се најде легално само во ретки ресторани, и тоа беше највкусното пилешко што сум го пробал во животот. Кој ќе има можност, задолжително треба да проба и антикучо, тоа се раженчиња од јунешко срце на скара“, Јагев нè води низ дел од националната перуанска кујна, за која се тврди дека е меѓу првите пет во светот.

 

Пилешко во Ика

 

Спојот на разни кујни – локална, шпанска, азиска – нив вековите направил амалгам кој им годи на непцата на сите намерници.

„Таа кујна не оди без вонсерискиот жесток пијалак писко. За писко грозјето не се меле туку само се цеди, и ракијата се пече само од сокот. Пиското се дели според сортата на грозјето од кое е исцеден сокот, и притоа многу-многу не е на цена пијалакот произведен од мешани сорти. Вистинското писко е само од една сорта грозје“, раскажува Јагев, кој додава дека од пиското се прави и извонредниот коктел „писко сауер“, кој може да се нарача само во ексклузивни клубови.
Кој повторно не би посетил земја со вакви противречности, експлозија од бои и вкусови, рај за очите и непцата? Најголемиот број од туристите – а ги има во огромен број – доаѓаат од Јапонија, Јужна Кореја, САД и Европа. Нашиот соговорник вели дека дури и во перуанската џунгла некој може да остане гладен само ако ептен го мрзи да пружи рака кон безбројните плодови.
Веројатно затоа веќе се подготвува да резервира авионски лет за Лима и планира следната посета повеќе да ја посвети на неговата пасија – макрофотографијата на инсекти.

Стојан Синадинов

Фото: приватна архива

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ45 минути

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 час

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 час

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет3 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет3 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа3 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија4 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија4 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија15 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија17 часа

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија19 часа

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...

Македонија20 часа

(Фото) ДЗС: 30 полски кревети за евакуираните лица во Кичевско, во Ресенско со пумпи се вадеше навлезената вода од подруми и куќи

Подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Кичево, во овие два дена и сношти, учествуваше во теренските активности...

Македонија21 час

Нова состојба по обилните врнежи: Поплавени подруми и куќи во Охрид, Кичево, Битола, Тетово и Гостивар

Центарот за управување со кризи ја објави новата состојба до 13 часот по обилните врнежи од дожд во земјава. Во...

Топ21 час

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари

Вчера во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума...

Македонија22 часа

Синдикат на култура: Преседан во културата, министерот Љутков повторно против колективните договори

Министерот за туризам, „културно“, но доста ехидно и веќе видено (за Велигден), сега им ја честиташе Новата година и божиќните...

Македонија22 часа

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Свет1 ден

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа1 ден

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...