Контакт

Daily news

Велигденска честитка од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан: време е луѓето да се вратат кон Бога, кон вистината, љубовта и правдата.

Објавено пред

По милоста божја, архиепископ охридски и македонски, заедно со светиот архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на македонската православна црква, а по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – Христос воскресe!

dobivaj vesti na viber

Овој е денот што го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него!

Возљубени празникољупци,

Денес велегласно бијат црковните камбани, објавувајќи го Христовото воскресение, разгласувајќи ја веста за Чудото над чудата и пренесувајќи ја радоста за Празникот над празниците. Силно одѕвонуваат воскресенските ѕвона и нè повикуваат торжествено да го отпразнуваме светлозарниот ден на Христовото воскресение. Денес сите христољубиви народи молитвено да се пренесеме до спасоносниот Настан, да се упатиме кон Изворот на вечниот Живот и да пристапиме пред совршената Љубов, та едномислено и еднодушно , заедно со Небото и Земјата , да Го прославиме Бога за сите Негови дела .

Еве и ние, како народ и Црква, удостоени сме со тој благодатен дар – да земеме учество во тајната на неизмерливата Божја љубов кон сиот човечки род. Во овие торжествени мигови, да се потсетиме на неповторливата жртва, кога Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да има живот вечен . Заради нас луѓето, Синот Божји претрпе понижување, мачење и распнување и, страдајќи, ни го покажа патот на спасението.

Господ Исус Христос, со Своето воскресение, поразот во победа го претвори, гревот и смртта ги обессили, а нам, на луѓето, портите на Рајот ни ги отвори. Со тој спасоносен настан, Синот Божји се потврди како вистински Богочовек и Спасител и им даде смисла на небото и на земјата, и на човекот и на човечката историја. Се потврди дека не постои таква смрт, која би можела засекогаш да ја закопа вечната вистина, вечната правда и вечната љубов.

Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,

Нашата вера е откровение на вечноста и на Бога, а Христовото воскресение е најголемиот печат на тоа откровение. Црквата Христова, која е столб и тврдина на вистината , заснована е врз Личноста на воскреснатиот и секогаш живиот Бог. Тој е жив во вечноста, во светата Евхаристијата, во срцата и душите на верниците, во словата на Светото Писмо, во учењето на Светото Предание, како и во сведоштвото на богоугодниците и светиите од сите времиња, на сите кои Синот Божји – Исус Христос, Го имаа за свој Господ. Зашто, под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме , освен преку името на Христа воскреснатиот, преку Кого човечката природа се ослободи од стегите на пропадливоста, а на паднатиот човек повторно му се вратени достоинството и вечноста.

Во велигденското празнување најмногу се потсетуваме на животот. Самиот Христос рекол: …Јас живеам и вие ќе живеете, а ангелот, во воскресенското утро, објавил: зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?, Тој е жив, Тој воскресна . Затоа, Велигден е празник на животот, зашто ако нема воскресение, нема победа над смртта, нема вечен живот, и ако Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и верата ваша .

Со воскресението Христово започнува нов живот за човечкиот род. Со него не може да се спореди ниту еден настан – ни по големина, ни по значење, ни по таинственост. Со Воскресението, животот и науката Христови добиваат полна смисла и објаснување – Евангелието се потврди како спасоносна вистина, а воскресенскиот настан потврди дека сме создадени за живот. – Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, и да умре, ќе живее . Христос воскресна и со тоа нè направи учесници во вечната победа над смртта, објавувајќи ни го патот и на нашето воскресение.

Возљубени чеда во Господа,

Нашево време, за жал, на сите страни од светот изобилува со меѓучовечки и меѓуетнички недоразбирања и судири. Поделбите на економски, политички, па и верски план, го преплавија светот, па во тој потоп од омраза и злоба – војните, тероризмот и сл., станаа секојдневие. Непријателството меѓу луѓето го достигнува својот врв, и сведоци сме на најстрашни страдања на невини луѓе, па и на цели народи. Доброто, љубовта и вистината се потиснати од злото, користољубието и омразата. Сè почести се самоубиствата, абортусите, убиствата и секаков вид насилство и криминал. Исто така, нарушувањето на бракот и семејството доведоа до последици и по моралната и по демографската состојба, особено меѓу европските народи. А сите тие неволји се раѓаат, пред сè, како резултат на човечкото неверие и самољубие, на отуѓувањето од Бога и од спасоносното евангелско слово. Крајно време е луѓето да се свртат и да се вратат кон Бога, кон вистината, љубовта и правдата. Зашто само воскреснатиот Христос е спасоносниот лек против сите страдања, и единствениот Пат, Вистина и Живот.

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,

Голема е Божјата грижа за човечкиот род и Бог посакува од секого и од сите заедно искрено покајание, без кое нема спасение. Тоа ни го покажала токму и историјата на нашиот православен народ и на нашата православна Црква: секогаш кога слабеела нашата вера и кога сме биле оддалечени од Бога, сме минувале низ многу премрежија и искушенија. Но тогаш, кога со покајание сме се обраќале за помош, Бог нè услишувал и ни подарувал и слобода и мир. Затоа, верата во Христовото воскресение е длабоко присутна во животот на нашиот народ. Во долгите ропства и туѓите владеења, и во неправдите од завојувачите, имајќи ја секогаш верата во Бога – никогаш не сме ја губеле надежта во конечната победа и во целосната слобода. Тоа е така, зашто нашата вера е вера во воскресението и нашата Црква е Црква на воскресението! Македонскиот народ знаел дека без Бога и без Црквата не ќе може ништо. Знаел и цврсто верувал дека само со Божја помош сè може да истрпи и со Божјиот благослов сè да поднесе за доброто на сите. Затоа, ние, денешните чеда на Македонската православна црква, не треба да заборавиме дека богољубието и братољубието се двете основни правила по кои треба да постапуваме. Многупати се потврдило дека само кога со едномислие чекориме во вистината Божја и кога сме сплотени – имаме напредок; дека чесноста, вистината и правдата се добродетелите со кои најдобро можеме да се бориме против сите непријатели. Всушност, нашата воскресенска вера нè учи да живееме богоугодно и братољубиво, зашто само така ќе можеме да опстоиме и како народ, и како држава, и како Црква.

Возљубени чеда на свети Климент – Охридскиот Чудотворец,

Нашите претшественици – свештенослужители, првенци и верниот народ, токму врз верата во воскресението ја темелеле и својата надеж дека ќе дојде денот кога ќе воскресне Црквата во Македонија и ќе се возобнови древната Охридска столица. По многуте обиди да се возобнови тронот на Охридските архиепископи, во текот на двевековната неканонска забрана за самостојно делување на Охридската архиепископија како помесна Црква во Македонија – конечно се случи остварување на копнежот на генерации и генерации православни Македонци. Делегатите на Третиот црковно – народен собор го прифатиле и едногласно и еднодушно го изгласале предлогот на петочлениот домороден Синод – да се возобнови автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Архиепископот Доситеј и митрополитите Климент, Наум, Методиј и Кирил ја потпишале донесената соборска одлука, со која на нашата Мајка Црква ѝ се вратило некогашното достоинство.

Од тој историски настан поминаа пет децении, време во кое нашата Света Црква продолжи верно, како некогаш, да го чува својот народ, да го упатува во евангелската вистина, да ги заштитува и да ги возобновува старите и да гради нови храмови и манастири, а најмногу да ја гради живата Црква. Педесет години и не се многу време, но се период во кој на секое поле се гледаат плодовите на воскреснатиот црковен живот во Македонија и меѓу иселените Македонци по светот. Педесеттата годишнина од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија, ова лето Господово ќе ја одбележиме молитвено, со свечености во сите наши епархии и институции, ќе канонизираме богоугодници од нашиот род, потсетувајќи се на оние кои се вградија во воскресенското дело, со ветување дека, со Божја помош, по молитвите на св. Климент Охридски, ќе продолжиме по патот до конечното прифаќање на нашата Македонска меѓу помесните православни Цркви.

Испраќајќи архипастирски благослов до сите чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ве поздравуваме со радоста за победата на животот над смртта и Му се молиме на воскреснатиот Господ – Началникот на животот, да нè удостои да воскликнеме: Воскресението Твое, Христе Спасителе, ангелите го воспеваат на небесата, а нас, на земјата, удостој нè со чисто срце да Те славиме .

Христос Воскресе!
Архиепископ охридски и македонски †Стефан

Заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква
† Петар, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски
† Тимотеј, Митрополит Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски
† Наум, Митрополит Струмички
† Агатангел, Митрополит Повардарски
† Методиј, Митрополит Американско – канадски
† Пимен, Митрополит Европски
† Иларион, Митрополит Брегалнички
† Јосиф, Митрополит Тетовско – гостиварски
† Јосиф, Митрополит Кумановско – осоговски
† Горазд, поранешен Митрополит Европски
† Климент, Епископ Хераклејски

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија6 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија6 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија7 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија8 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија9 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа10 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија10 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион11 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет11 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија11 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија11 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија12 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион12 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет12 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет13 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион14 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион14 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...