Daily news
(ВИДЕО) Алексовски: Довербата ја барам на основа на она што го направивме во изминатиот период
Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, побара од граѓаните по третпат да му ја дадат довербата за да продолжи со реализирање на проектите.
„Еве по третпат застанувам пред вас и ја барам вашата доверба за трет мандат за градоначалник на општина Крива Паланка. Довербата ја барам на основа на она што го направивме во изминатиот период, на основа на оние проекти што ги реализиравме како општина под мое раководство.
Може да кажам дека сум горд што 95 проценти од мојата изборна програма е реализирана за што ви доставив отчет. Како најглавни проекти со кои се гордеам а ги реализирав е решавање на водоснабдувањето на Крива Паланка за високата зона, лев брег, односно за високите зони на Крива Паланка. Проблем кој откако знам јас за себе е проблем за цела Крива Паланка“.
Тој истакна дека го регулирале дел од речното корито на Крива Река, како и дека се направени пешачки и велосипедски патеки.
„Направивме уште многу проекти, направивме бројни улици, бројни патишта кои се гледаат, кои се видливи. Направивме спортски објекти како никогаш досега, спортска сала, тениско игралиште, повеќенаменско игралиште во Крива Паланка, повеќенаменско игралиште во село Конопница. Од основни приоритети кои ќе ми бидат во наредниот период ќе издвојам само неколку. Прво е гасификација на Крива Паланка. Гасификацијата на Крива Паланка ќе ја направиме со правење на државната стратегија бидејќи ние како општина ги имаме изготвено сите потребни документи, од почеток до крај имаме изведбен проект и ја чекаме државната стратегија за да видиме како ќе се одвива тоа на државно ниво.
Алексовски истакна дека по прокопувањето на тротоарите, каде што ќе бидат сместени гасификационите, ќе се обноват сите тротоари.
Во програмата, како што рече тој, превидено е да се изградат локалниот пат во село Трново, потоа локалниот пат во село Стамболици до Крстата Падина, локалниот пат Мизовски ливади село Градец, локалниот пат во село Конопница, Лиска – Стублица, Кула.
„Реконструкцијата на водоводниот систем во градот Крива Паланка ќе опфати замена на сите азбесно-цементни цевки. Во изминатиот период направивме замена на дел од азбесно-цементните цевки, но сега ќе направиме замена за сите. Овој проект е даден и е во фаза на тендерирање, но чекаме да се распише тендерот. Исто така, предвидуваме изградба на пешачка патека врз цевководот висока зона лев брег, односно по старата градска вада каде што планираме да направиме место за одмор и рекреација и покрај тоа уште еден рекреативен градски парк во Крива Паланка.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека е предвидено и доизградба на фекалниот колектор, спојување на левиот и десен колектор по фази и правење техничка документација за да може да се направи пречистителна станица во Крива Паланка.
„Воедно предвидуваме создавање услови за изградба на плацеви во месноста Златина Падина, кои ќе бидат за младите брачни парови. Просто речено, во месноста Златна Падина планираме да изградиме уште една населба“.
Довербата ја барам од вас за да продолжиме да ја градиме Крива Паланка. Работењето е наша одлика. Доколку вие како мои сограѓани сте задоволни од мојата работа во изминатиот период , тогаш дајте го гласот за нас, дајте го гласот за мене за да може да продолжиме да си ја градиме општината затоа што работата е наша одлика. Работа и секогаш работа, работа за Македонија“, порача Алексовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.