Daily news
(Видео) Бошкоски: Не се враќам во ВМРО-ДПМНЕ, но имам обврска да помогнам во уривањето на Груевски
Немам амбиции да се вратам во ВМРО-ДПМНЕ, но имам морална обврска и должност да помогнам во уништување на актуелното раководство на партијата, вели претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во интервју за „Макфакс.“ Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон неговата партија. Според него, неопходни се реформи во партијата, но не е трагедија, како што вели, ако партијата исчезне од политичката сцена.
– Не е толку трагично ако една партија што владеела 11 години замине од политичката сцена, како радикалите на Шешељ, партија од која подоцна излезе партијата на Вучиќ. Ако основачите на ВМРО самите велат дека не треба да се злоупотребува тоа свето име, да се тргне настрана, тогаш не гледам причина зошто некои глумат тврдокорни и поголеми патриоти од мене – вели Бошкоски.
Бошкоски во интервјуто зборуваше и за случајот „Кампања“, за која ја издржа затворската казна, за што најави кривична пријава против судијката Радица Василевска. Сведочи дека трпел закани и лично од ексначалникот на УБК, Горан Грујевски. Бошкоски додава дека тој и неговиот адвокатски тим имаат несоборливи докази дека станува збор за полициско-политичка местенка и ќе водат паралелна постапка на страна од специјалното обвинителство, кое отвори случај под името „Тортура“.
– Судството мора да се ослободи од корумпираните судии. Додека не ги видиме на обвинителна клупа, иако Уставот ги штити судиите да не одговораат за дадено мислење, другиот дел од приказната е мрачниот дека постојат договори за што имаме и докази. Мене кога ме апсеа полициските службеници, ми кажаа дека ќе лежам осум години и судијката Радица Василевска не ме осуди ни ден помалку. Случајот „Ровер“, кoj сè уште трае, е уште помонструозен, имаме и докази како обвинителството заедно со Грујовски, кој сега е во екстрадициски притвор, дојде во Идризово да ми се заканува“, додава Бошкоски.
Ексминистерот за внатрешни работи зборува и за системот за прислушување и уверува дека не бил злоупотребуван од државата во времето кога тој бил на челната позиција на Министерството. Бошкоски зборува и за можното учество во Владата на Заев за пополнување на испразнетите министерски места, за враќањето на Обединети за Македонија на политичката сцена, како и за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ и потребата од смена на Груевски и целото партиско раководство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.