Контакт

Daily news

(Видео) Василев: Одлуката за азил за Грујевски и Бошкоски е одложена на неопределено време затоа што нема преведувач

Објавено пред

Управниот орган, кој треба да одлучи по барањето за азил на Горан Грујевски и Никола Бошкоски во Грција, нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно. Поради тоа, одлучувањето е одложено за неопределно време. „Како што знаете, судовите и другите органи во Грција тешко се снаоѓаат со преведувачи на македонски јазик и во овој случај тоа беше проблем, односно поради тоа што органот што ја води постапката за азил нема преведувач од грчки на македонски јазик и обратно, носењето на олуката беше одложено на неопределоно време и нема датум“, рече адвокатот Петар Василев.

dobivaj vesti na viber

Во врска со тоа дали е точно дека во март Грујевски и Бошкоски ќе бидат екстрадирани од Грција во Македонија, тој вели дека не би сакал да шпекулира со датуми.

„Не би сакал да шпекулирам со датумите, таму се водат повеќе постапки за нив, никој не може да влијае на тие судски постапки. Судот определува кога ќе бидат закажани рочиштата и кога ќе биде донесена одлука. Така што од наша страна не може ниту да постои некакво влијание ниту, пак, да извршиме некаква процена кога би можело тоа да се случи. Во врска со тоа што беше истакнато во медиумите дека според извори од Министерството за правда постоела можност да бидат вратени до март, ќе чекаме да видиме што ќе се случи“, рече Василев.

Според него, на Грујевски и Бошкоски во Македонија не може да им се суди за фалсификуваните бугарски пасоши со кои беа уапсени на аеродромот во Солун.

„Според мене, нема можност да им се суди. Тоа може само кога самите странки би побарале, но тоа не е случај во оваа ситуација“, рече Василев и додаде дека сè уште немаат одговор на жалбата на одлуката за екстрадиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Објавено е кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи во сабота, со...

Европа54 минути

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројаница

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...

Македонија2 часа

ДУИ: Институциите го деградираат користењето на албанскиот јазик на ниво пред усвојувањето на Законот за јазиците

„ДУИ изразува длабока загриженост поради систематското непочитување на албанскиот јазик на официјалните веб-страници на министерствата на Владата на Република Северна...

Свет3 часа

(Фото/Видео) Најпознатите градби во светот блескаат за папата Франциско

Откако вчера беше објавена веста за смртта на папата Франциско, бројни светски метрополи и верски заедници му оддадоа почит со...

Свет4 часа

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради замрзнување на финансирањето

Универзитетот Харвард ја тужеше администрацијата на претседателот Доналд Трамп во обид да го спречи замрзнувањето на повеќе од 2 милијарди...

Македонија5 часа

На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Европа12 часа

(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост. На снимката објавена од Ватикан се гледа...

Свет12 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Свет12 часа

Верниците ширум светот го оплакуваат папата

Членовите на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, денеска тагуваат за смртта на 88-годишниот папа Франциско, фалејќи го како...

Европа12 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа13 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Европа19 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија21 час

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа23 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија23 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа24 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа1 ден

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија1 ден

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија1 ден

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа1 ден

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...