Daily news
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Двојазичноста и тиранската платформа стануваат реалност
Пратениците на парламентарното мнозинство предводено од СДС вчера ја гласаа потребата и го поминаа во прво читање неуставниот закон за двојазичност во целата држава. ВМРО-ДПМНЕ и пратениците гласаа против овој неуставен закон. За жал, 66 пратеници, сите до еден од парламентарното мнозинство предводено од СДС, гласаа за овој закон, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секој закон што е во рамките на Уставот и законите и кој е во полза на граѓаните, но никогаш, повторувам никогаш, нема да дадеме поддршка за закон што го руши уставниот поредок на Република Македонија и го менува нејзиниот карактер утврден со Уставот“, рече Костовски.
Заев велеше, како што нагласи Костовски, дека двојазичноста и тиранската платформа се само во главата на Груевски, но еве гледаме како станува вистина, упорно се турка закон што е против интересите на државата, против волјата на македонскиот народ, но и против соживотот во оваа држава.
„Мнозинството пратеници, меѓу кој Пендаровски, Локвенец, Тунтев, Богоевски, Туфегџиќ и другите од СДС, гласаа за двојазична Македонија. Овој закон ниту ќе им го подобри животот на граѓаните ниту, пак, ќе придонесе за подобар соживот, туку само ќе ги продлабочи разликите, ќе ја зголеми тензијата и ќе создаде нефункционална држава. Држава во која лекарите ќе мора да функционираат со преведувачи, полиција што ќе може да им се обраќа на граѓаните со јазик што можеби странките не го познаваат, држава во која ќе се наплаќаат глоби доколку не се познава јазикот и ќе се изложат општините и институциите на дополнителни трошоци“, рече Костовски.
Тој додаде дека најважно од сè е што е прегазен Уставот и рече дека оние што со криминал дошле на власт продолжуваат да владеат со криминал и носат неуставни решенија.
„Овој закон е дискриминаторски кон македонскиот јазик и другите јазици што ги говорат граѓаните во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе дојде до ова и дека целта на СДС и самата цел на нивно доаѓање на власт е редефинирање на државата по повеќе основи, тоа го видовме и со штетниот договор со Бугарија, со кој СДС го деградира македонскиот јазик, за сега со законот за двојазичноста дополнително да го девалвира јазикот и од Република Македонија ќе направи нефункционална држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник во оваа атака врз државата и се спротивставува на разграбувањето на Република Македонија. Ова е закон што нема да го направи животот на граѓаните подобар, нема да ги спречи сиромаштијата што расте, платите што опаѓаат и економијата што тоне“, рече Костовски на крајот од прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.