Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Драган Павловиќ – Латас: „Сител“ не може да најде друг човек кој ќе ме замени

Објавено пред

„Жешко е, па најкратко ќе кажам. Се согласувам со сè што кажа одбраната и сè што пишува во жалбата. Јас мислам дека не сум заслужил мерка притвор бидејќи соработувавме со СЈО. Второ, немам имот во странство, а ниту сметки. Јас сум главен и одговорен уредник на Сител телевизија, а тоа значи дека треба постојани средби со продавачи на програми, а ова не може да се промени преку ноќ. Исто така професор сум на Европскиот универзитет. Трето, професор сум во Србија, каде ако не сум присутен, ќе добијам казна. Осумдесет отсто од приходите во семејството се од мене. Ова е штета за Сител ТВ, за семејството. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам. Потенцитам дека за време на постапката во СЈО имавме коректен однос и немаше несогласувања. Во однос на ТОТАЛ МАРКЕТИНГ, таа е две години блокирана, а, пак, третата фирма Тотал медиа центар, поради документи кои излегоа од СЈО во јавноста, не остварува промет и има штета. Опасно е кажувањето на Бубевски за моето однесување. За мене е бесмислено да бидам ставен во исти случаи каде се применува иста мерка со оние кои се сомничат за криминал со 30 или 50 милиони евра“, рече денеска пред Апелациониот суд, бизнисменот и новинар Драган Павловиќ-Латас.

dobivaj vesti na viber

Тој од страна на СЈО се товари за финансиски криминал, односно даночно затајување. СЈО  побара од судот притвор за него, а доби само мерки за претпазливост тој да се јавува во судот секој понеделник и одземање  патна исправа, кои се обжалени од страна на адвокатите Светлана Савиќ и Анита Бегова. Адвокатите на Латас во жалбата навеле дека е погрешна фактичката состојба утврдена од СЈО, а, пак, мерката, според нив, не била во согласност со Кривичниот закон, Европската конвенција. Исто така, одбраната во жалбата тврди дека Латас работи како уредник на телевизија и мора да патува за да набавува серии, склучува маркетинг договори и слично.

Истовремено, СЈО ја обжали одлуката на првостепениот суд барајќи притвор за Драган Павловиќ-Латас. „Во однос на предлогот за притвор, поднесено од СЈО за веќе обвинетиот Латас, е коректен. Таквата мерка е прифатлива, а, пак, судот, сосема основано утврдил суштински дека постои опасност од бегство, но и продолжување на деловната работа, па со тоа и можност за повторување на делата за кои се товари. Мерки за немање наредни вакви криминални активности е одземање на патната дозвола и највисоката мерка. Судот проценил само во корист на обвинетиот, само за да се заштити правниот поредок. Неговото однесување укажува за причина за изрекување на највисоката мерка во овој случај. Сметам дека жалбата треба да биде одбиена како неоснована, а жалбата на СЈО да биде прифатена и за обвинетиот да биде определена мерка притвор, вели обвинителот Гаврил Бубевски.

Одбраната на Латас по излагање на Бубевски рече дека треба да се има предвид дека станува збор за луѓе, а не за предмети, притоа, да се има предвид дека тој е доктор на науки. Савиќ потенцираше дека таа му замерила на Латас на доброто однесување кон СЈО и судот, а со тоа му укажала дека ако така продолжи повеќе нема да биде негова придружба во судот.

Обинителството требаше да има доблест и да не поднесува барање за ваква мерка бидејќи не е вообичаено. Не гледам причина зошто би се дал во бегство и како би го повторил делото. Едната фирма не е активна, другата е во постапка за ликвидација”, вели адвокатката на Латас, Светлана Савиќ.

Истовремено, адвокатката Бегова се чуди како СЈО не знае на кои правни друштва е управител Латас, а бара мерка притвор. „Во налет на 20 обвиненија, со медиумска кампања без да се гледаат суштествените причини за одредување  мерка притвор. Станува збор за лице кое не е осудувано, фамилијарен човек, новинар и уредник, семеен човек. Сметам дека е апсурд на оваа жештина овој суд да расправа за вакви прашања. Небулозни се тврдењата дека обвинетиот ќе го повтори делото”, вели вториот член на одбраната Анита Бегова.

Кристијан Ландов

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија11 часа

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија13 часа

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија16 часа

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија16 часа

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија17 часа

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...

Македонија18 часа

(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено

Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Градоначалникот Орце...

Македонија18 часа

(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија

Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на...

Македонија18 часа

Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Нивното истражување...

Македонија19 часа

Мицкоски да одговори кој бил со него во владиниот авион, бара СДСМ

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на...

Македонија19 часа

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители, ги обвинува за злоупотреба

Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе...

Македонија20 часа

(Фото) По ерата на Југославија, селото Драчево е првото село во Македонија што добива сопствено модерно кино

Општина Кисела Вода вчера вечер официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство...

Свет20 часа

Документите за Епстин се толку сериозни што би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупредија експерти на ОН

Милиони досиеја поврзани со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин укажуваат на глобална криминална мрежа што би можела да претставува злосторства...

Свет20 часа

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа21 час

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта. Животното веројатно не е од дивината, туку избегало од приватна фарма, објави општината...

Македонија21 час

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво

Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради...

Македонија21 час

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија1 ден

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија1 ден

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија2 дена

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....