Daily news
(ВИДЕО) Д-р Елена Костова – номинирана за еден од кандидатите за градоначалник на Кисела Вода

Во тек се внатрепартиските кампањи за избор на кандидати за градоначалник. Битката за општина Кисела Вода за партијата СДСМ ќе ја водат д-р Елена Костова и Филип Темелковски, син на Зоре Темелковски.
Костова е жителка на Кисела Вода 25 години, каде што моментно и живее. Сопруга и мајка на две деца. Лекар специјалист-интернист, работи на Медицинскиот факултет.
Се залага за редовна отчетност и за вклучување на граѓаните уште во првата фаза на креирање на политиките во зависност од приоритетните потреби на жителите на општината, преку објавување редовни извештаи и транспарентно одговарање на сите прашања. Кандидатката за идна градоначалничка на општината смета дека за целосно транспортно, енергетско и комунално фунционирање на општина Кисела Вода потребно е зголемување и проширување на приодните патишта, зголемена мрежна покриеност со електрична енергија и зголемување на капацитетот на трафостаници, зголемување на капацитетот и санирање на постојната фекална и атмосферска канализација и изградба на колектори и прочистителни станици. Според Костова, има поволни услови за гасификација на Кисела Вода бидејќи веќе постојат два главни доводни система на гас, и тоа до фабриките ОХИС и „Усје“. Почнувајќи од ОХИС, првата линија на гасификацијата до граѓаните би била во населбата Пинтија и во Драчево и во делот на индустриската зона во овој реон, а другата би била од Усје до Пржино и Црниче.
Костова предвидува и реконструкција и изградба на нови улици, изградба на нови монтажни катни гаражи за решавање на проблемот со паркинг-места, воведување нови автобуски линии.
Во општина Кисела Вода заедно со граѓаните досега утврдиле нефункционалност на едношалтерскиот систем и непостоење на мрежно-информатичко поврзување со ресорните одделенија во Општината.
Во програмата предвидува грант од општината за сите невработени лица помлади од 35 години кои сакаат да почнат сопствен бизнис во општината, како и даночни олеснувања под ингеренции на Општината во период од 3 години за претпријатијата основани од млади претприемачи до 35 години.
Крајно време е работата на градоначалниците да се евалуира по примерот на бизнис-секторот со индикатори за успех и мерливи параметри. Доблесно е заради народот да прифатиме да работиме по тој принцип, и тоа не само заради сегашна или следна кандидатура туку и платата (барем дел) да зависи од успешноста во реализација на зацртаниот план.
Болница или клиника не постојат во општина Кисела Вода, што во согласност со потребите на граѓаните и намерите на новата локална власт од СДСМ би требало да биде променето, смета Костова. На територијата на општина Кисела Вода е сместен и Републичкиот центар за лекување наркозависници, чија локација во општината е несоодветна и би требало да се дислоцира во договор со Министерството.
„Во рамките на општината ќе формираме тимови за помош на стари и изнемоштени лица, кои еднаш неделно или на повик ќе прават посети и ќе им помагаат при секојдневните активности на старите лица (набавка на лекови и храна за лицата што имаат здравствени тешкотии“, вели Костова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.