Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев: Мнозинството ја презема обврската да избере нов собраниски претседател

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска и порача на ВМРО-ДПМНЕ, дека новото парламентарно мнозинство има обврска да ја почитува граѓанската волја и да и овозможи на Македонија да оди напред.

„Демократските процеси не се лесна работа, барат трпение, бараат посветеност, бараат грижа за граѓанските и за државните интереси и бараат пред се совест.
Сето тоа го покажавме, како парламентарно мнозинство што ја доби довербата од граѓаните.

Потребна беше мудрост и оставивме сите овие 5 недели или повеќе од 30 дена, целата домашна и меѓународна јавност да се увери на каков лажен партиотизам се подготвени Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

И веќе за никого нема минимум сомнеж дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта, бидејки се плаши од одговорност„ рече Заев на прес конференција.

„Бегање од одговорност – нема! Амнестија – нема!„ беше јасен Заев и додаде:
„Тоа е првата работа што сакам да ја порачам. Ќе се оди на суд толку често колку што има основани сомневања за кршење на законот и Уставот. Тоа важи за мене и СДСМ, тоа важи и за сите други во Република Македонија.

Законот ќе биде еднаков за сите. Правдата и правната држава ќе владеат во Р.Македонија.
Сакам уште еднаш јавно, пред целата јавност во Македонија да повторам, за да биде кристално јасно:
•Лага е дека ќе се менува Уставот.
•Лага е дека ќе се носат закони спротивно на Уставот.
•Лага е дека Македонија ќе биде бинационална држава.
•Лага е дека ќе има федерализација или кантонизација.
•Лага е дека ќе се менува уставното име и идентитетот на Македонија.
•Лага е дека ќе се менува знамето, грбот и химната на државата.
•Лага е дека ќе мора да се учи албански јазик во Штип, Прилеп, Гевгелија, Битола.
•Лага е дека ќе има казни ако не се знае Албански јазик.
•Лага е дека ќе се прогласи Македонскиот народ за геноциден.
Сето ова што го слушавте во репликите што сами на себе си ги правеа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да ги закочат демократските процеси е чиста лага!
Постојат почетни позиции на партиите од албанскиот блок. Преговараше ВМРО-ДПМНЕ. Почна разговори и СДСМ. Но постои финален документ, Програма на новата реформска Влада, што ја штити унитарноста на Македонија и обезбедува квалитетен живот за граѓаните и евро-атлантските перспективи. Тоа е точно!
И сега ќе ви кажам што се друго е точно. Она што беше прифатено од ВМРО-ДПМНЕ, беше прифатено и од нас. Секако се согласивме плус за поддршка за работата на СЈО, тоа од што се плаши раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради криминалите зад себе.
•Точно е дека се што сме разговарале, што ќе преговараме и се што ќе работиме во иднина, ќе биде во рамките на Уставот и согласно Уставот на Р.Македонија.
•Точно е дека се што сме разговарале, ќе преговараме и се што ќе работиме во иднина ќе биде во функција на зајакнување на унитарноста на мултиетничка Македонија.
•Точно е дека никој не бара нешто надвор од Уставот, ниту пак некој за нешто уценувал.
•Точно е дека националистичкиот концепт на чиста Македонија нема иднина, колку што е точно е дека единствена иднина има концептот едно општество за сите.
•Точно е дека ќе има закон со којшто ќе се унапреди употребата на јазиците на албанската етничка заедница и на другите етнички заедници. Но тоа ќе биде согласно Уставот и согласно практичната потреба на граѓаните Албанци, но и на другите помалку бројни заедници.
•Точно е дека за новото парламентарно мнозинство нема друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.
•Точно е дека ќе бидеме посветени на реформите, за кои ќе ни треба поддршка и од новата опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и за сите кои ќе одлучат да останат во опозиција.
•Точно е дека ќе бараме решение на проблемот што Грција го има со нашето уставно име, но одлуките ќе ги носиме во консензус со опозицијата, а ќе станат конечни по референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните.
•Точно е дека ќе стоиме се што можеме да ја унапредиме соработката со сите соседни земји пред се во интерес на граѓаните на Македонија и секако почитувајќи го и интересот на нашите соседи.
•Точно е дека СЈО ќе си ја заврши работата, заради што е и основано.
•И најважното за сите граѓани. Точно е дека Македонија рамномерно економски ќе се развива во секој град и во секое село.
•Точно е дека ќе ви одржиме лекција на идната опозиција на економски план и ќе покажеме што всушност значи економски раст и развој.
•Точно е дека ќе има живот за сите. Македонија ќе биде едно општество за сите. Членот 9 од Уставот кажува се.
И ништо повеќе нема да зависи од поединец. Нема да зависи ништо повеќе ниту од Никола Груевски, ниту од Зоран Заев, ниту од Али Ахмети, Билал Касами, Зијадин Села или Мендух Тачи„ рече Заев.
Лидерот на СДСМ посочи дека институциите ќе носат одлуки.
„Парламентот ќе носи одлуки, а не поединци.
Ќе има конечно транспарентност во Република Македонија. Ќе има конечно одговорно управување во Република Македонија.
Ние како идна власт во државата, подготвени сме во име на одговорното управување да соработуваме со идната опозиција. Ќе си се сакаме по дома со нашите деца и семејства. Овде ќе мораме да соработуваме, заради реформите ќе ни треба соработка, заради животот и соживотот ќе ни треба соработка, заради граѓаните, заради нашата заедничка земја Република Македонија.
Порачувам, парламентарното мнозинство нема да дозволи опозицијата во Собранието, Трајко Вељаноски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да ги кршат Деловникот, законите и Уставот на Република Македонија. Никој нема право да се изживува и да ги тероризира граѓаните, со неизвесност, со загрозување на егзистенцијата, со креирање нестабилност, со блокада на институциите.
Државен интерес број еден е да се одблокираат демократските процеси и Македонија конечно да добие институции што ќе работат во полн капацитет.
Ја преземаме обврската да продолжиме демократските процеси со избор на нов претседател на Собранието и тоа токму од редот на оформеното и декларирано мнозинство кое постои во Парламентот„ истакна на денешната прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев..крај/мф/кс

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија6 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија7 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија10 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија10 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија11 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија11 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија11 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија12 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија13 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет14 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет15 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет16 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија1 ден

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија1 ден

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...