Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев: Нема да градиме споменици, парите ќе бидат насочени кон граѓаните

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Медиумите треба да бидат критички настроени и коректори на извршната власт. Очекувам медиумите да си ја вршат својата улога, вклучително и националната телвизија МТВ, рече премиерот Зоран Заев на дебатата со новинарите на Македонската телевизија.

„Македoнската телевизија ќе биде независна и финансирана од буџетот. Очекувам критички настроени вести, односно во оној дел каде што власта греши да се критикува. Јавноста треба објективно да биде информирана. Ние ветивме реформи во медиумите, а тие се однесуваат токму на ослободување од стегите во кои беа досега. Ако Заев не го исполнил она што го ветил, јавноста тоа треба да го знае“, рече премиерот Зев.

Воедно тој рече дека ќе биде укината и радиодифузната такса, која е една од мерките што ги ветија пред граѓаните. МТВ ќе се финасирана од буџетот и нема да има дел од комерцијалниот колач.

„Радиодифузната такса е дел од реформите. МТВ нема повеќе да зема пари по оваа основа. Законската независнот ќе дојде преку буџетско финансирање. Јавноста знае дека законот кој го поднесовме за реформи во медиумите беше предложен од ЗНМ, и покрај другите предлози и МТВ е вградена во тие реформи“, рече Зев.

Владините реклами,  како што беа пракса на претходната власт, нема да бидат на оваа, додаде Заев.

Владата ќе се огласува на јавниот сервис исклучиво преку соопштенија и известувања до граѓаните.

Во однос на надворешната политика, премиерот Зоран Заев рече дека новата Влада ќе гради мостови на пријателство со соседите, пред сè со јужниот сосед.

Токму на новинарско прашање дали постои опасност Грција пак да ја блокира Македонија во однос на влезот во НАТО, Заев рече дека новата Влада ќе се заложи да ги подобри односите со Грција и да овозможи нашиот јужен сосед да се согласи да прифати Македoнија да влезе во НATO под привремената референца.

„Јас немам проблем да ја замолам Грција да има разбирање за нас и да ни овозможи да влеземе во НАТО. На крајот, тоа ќе биде придобивка и за нив, не само за нас. Ќе имаме стабилен регион и тој процес ќе биде заокружен. Ќе ја смениме реториката во  нашите разговори. Нема да градиме споменици и да провоцираме со имиња и историски факти кои допираат во емотициите. Ние сме свесни дека Грција може да нè блокира уште 35 пати и тогаш кој би бил нашиот бенефит да ја имаме за непријател“, рече Заев.

За односите со Русија, Премиерот рече дека нема проблем да гради односи и економски да соработува. Но, рече дека ако Русија е навистина пријател на Македонија, ќе има разбирање дека нејзината цел се евроинтеграциите. Местото на Македонија е во ЕУ, посочи Заев.

„Менувањето на судиите ќе мора да се изврши согласно препораките на Прибе и Венецијанската комисија“, рече претседателот на Владата, Зоран Заев.

Тој вели дека мора да се постават темели на независно судство ако сака да биде членка на ЕУ и да се движи напред кон тие процеси.

„Реизборот не е крај на светот. Секој чесен судија нема потреба да се плаши. Секој што акумулирал и има скриено богатство на нечесен начин, не му е местото во судството. Не може еден судија да носи пресуди кои се политички мотивирани. Овој процес ќе го решават независни експерти, слично како што тоа се случуваше во Украина и Албанија“, рече Зоран Заев.

Заев рече дека ќе бидат расветлени и случаите Монструм, Диво Насеље и Сопот. Доколку се докаже дека некој од министрите е вмешан во овие случаи, ќе биде разрешен од функцијата, додаде Заев.

Првите задачи на новите министри ќе биде да истражат колку пари се потрешни во вид на државна помош, за субвенционирање на странските инвеститори, рече премирот Зоран Заев на дебатата на МТВ.

Тој посочи дека новата Влада првично ќе се заложи да овозможи клима за домашните инвеститори, а ќе бидат добредојдени и странските.

„Сметам дека успешна јавна власт е она која  ќе успее соберените пари да ги изменаџира на тој начин што ќе ги врати кон граѓаните. Ние имаме цел парите веднаш да ги враќаме кон граѓаните. Знаеме дека нема да биде лесно. Затоа што Македонија е алартмантно задолжена, може да има и скриени долгови, тоа допрва треба да го истражиме. Колку што имам информација, во буџетот нема 130 милиони евра туку само 6“, рече Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев рече дека сè уште се води дебата за тоа кој треба да биде првиот човек на Управата за разузнавање и контраразузнавање, но како што додаде тој, таму треба да биде професионалец од службата. Но, на дебатата во МТВ не откри имиња на евентуални кадровски решенија.

„Потребни се сериозни реформи во МВР. Има разидување околу тоа дали таму треба да седне човек од експертската фела или, пак, да биде политича фигура. Сепак, мојот личен став е дека оваа важна институција треба да биде професионална и незавина, па според тоа тука решението треба да биде од редот на професионалци во службата“, додаде премиерот Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут

Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток! 🕑 22:06 Хезболах соопшти дека лансирал ракети со долг дострел...

Македонија9 часа

Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата. Утре под...

Свет11 часа

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд...

Регион13 часа

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта,...

Економија14 часа

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...

Македонија14 часа

(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и...

Македонија15 часа

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во...

Македонија15 часа

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба...

Свет15 часа

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Во објава на X, израелската армија ИДФ соопшти дека...

Свет17 часа

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...

Свет18 часа

(Фото+видео) Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти...

Македонија1 ден

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија1 ден

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија2 дена

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија2 дена

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија2 дена

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија2 дена

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет2 дена

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откога ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија2 дена

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...