Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев од Прилеп: Воведуваме општински дебати, градоначалниците отворено и директно ќе комуницираат со граѓаните

Објавено пред

Претседателот Заев денеска во Прилеп порача дека, кампањата на СДСМ и коалицијата добива нов модерен стил и формат, на воведување на општински дебати. 

dobivaj vesti na viber

„Овде сме во центарот на Прилеп заедно со нашиот кандидат докторот Илија, со кој имаме намера да подискутираме заедно со граѓаните, да дебатираме за важни случувања и да најавиме идна пракса  на новиот градоначалник во комуникацијата со граѓаните за прашања што ги тиштат нив и што се важни за нивниот секојдневен живот. Ќе се обратиме овде во една тркалезна околина каде што сите граѓани ќе бидат околу нас. Ќе ги кажеме нашите ставови и нашите впечатоци и после ќе отвориме дебата пред граѓаните да можеме директно да разговараме за сето она што претставува очекување на граѓаните, а секако и перспективи на Прилеп!“ изјави претседателот Заев.

Заев соопшти дека кампањата се одвива во пријателска атмосфера, дека постои голем интерес кај граѓаните за локалните избори од причини што општините се многу важен дел од секојдневието на сите семејствата и граѓаните и рече дека централната власт има намера да продолжи со процесот на децентрализација за општините да добијат поголеми надлежности.

„Размислуваме за здравствените домови да ги децентрализираме, размислуваме и за центрите за социјална работа, и за капиталните проекти од социјалната заштита, за капиталните инвестиции во образованието, така да вниманието кон локалната самоуправа треба да биде се поголемо и поголемо. Се надевам дека граѓаните мудро ќе носат одлуки и конечно Прилеп заслужува промени после толку години заради тоа што само на тој начин ќе ги отвориме важните перспективи за овој важен регион во Република Македонија“ порача претседателот Заев.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски рече дека заедно со претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев денеска ќе разговараат со граѓаните за иднината на Прилеп, за иднината на младите и на сите граѓани.

„ Мора да ја заокружиме победата од 11 декември, за на 15 октомври сите заедно да ја освоиме и локалната самоуправа за да спроведеме многу проекти, најповеќе за младите. Овде гледам многу млади луѓе, вие сте иднината на нашата држава, вие сте иднината на нашиот град. Ќе направиме многу нешта за младите во нашиот град, младински културен центар, младинско спортски рекреативен центар, младински бизнис инкубатор, згора на тоа младите ќе бидат тие што најмногу ќе учествуваат во носењето на одлуките, креирањето на буџетот, трошењето на парите. Парите ќе се трошат транспарентно, вие сите ќе бидете присутни и ќе бидете информирани.“ изјави кандидатот за градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во државата се регистрирани 23 пожари, 11 се активни, еден е под контрола, соопшти ЦУК

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 19 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 23 пожари на...

Македонија2 часа

Не е безбедна употребата на „БТР 80“ бидејќи се оперира низ стрмни и тесни улици со остри кривини, вели Ангелов по прашањата дали истите се користат за гаснење на пожари

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден Хермелин со цистерна од 6...

Македонија4 часа

(Видео) Кризна состојба од 30 дена поради пожарите во државата, прогласи Владата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес-конференција соопшти дека во државата се прогласува 30 дневна кризна состојба поради ситуацијата со...

Македонија6 часа

Апел до скопјани за рационална и совесна употреба на водата за пиење, повторно има енормна потрошувачка

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека се продолжува со енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода...

Македонија7 часа

(Видео) Кирков: Во ЗОО Скопје се работи аматерски, бараме оставка од управата

Дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје направи посета на јавната установа Зоолошка градина, а тоа...

Топ7 часа

Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка. Според информациите на МВР,  вчера во...

Македонија10 часа

Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција...

Македонија11 часа

(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила...

Македонија11 часа

(Видео) Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

За пожарот, кој во неделата околу пладне избувна покрај магистралниот пат, кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се...

Македонија11 часа

Недоволниот буџет и застојот во инвестициите го поткопуваат здравствениот систем, покажува ревизијата

Државниот завод за ревизија објави дека 23 програми за здравствена заштита во 2023 година се реализирале со недоволни средства, што...

Македонија11 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера интензивно го гаснат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени над 70 тони вода

Денеска, од раните утрински часови, два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, „бел 412“ и „агуста бел...

Македонија12 часа

Скопскиот Регион со најмногу интервенции, пожарите сѐ уште активни на седум локации

Во изминатите 24 часа во државата се евидентирани вкупно 32 пожара на отворен простор, информираат од Центарот за управување со...

Македонија13 часа

Пожар во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и на вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола избувнал пожар како резултат...

Европа13 часа

Лавров ги објави руските услови за мир

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги изложи барањата на Москва за мировен договор за прекин на руската инвазија...

Свет14 часа

Шефот на НАТО: Ако Кина го нападне Тајван, кинескиот претседател ќе побара од Путин да го нападне НАТО

Доколку Кина започне инвазија на Тајван, би можела да побара од Русија истовремено да отвори втор фронт против земјите-членки на...

Свет14 часа

Трамп и Нетанјаху: Блиску сме до наоѓање земји што би можеле да ги прифатат Палестинците

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се сретнаа во Белата куќа, каде што разговараа за напорите...

Свет15 часа

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1...

Македонија15 часа

(Видео) Арсовска: Фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР, кој во бес дека се фатени среде неделото, физички ја нападна советничката Витина

„Град Скопје при вонредна теренска контрола затекна лице (инспектор во МВР), кој во тој момент нелегално се приклучува на мрежа...

Свет16 часа

Акциите на „Тесла“ потонаа откога Маск најави дека ќе формира партија

Акциите на „Тесла“ паднаа за речиси 7% еден ден откако извршниот директор Илон Маск најави формирање на нова политичка партија,...

Топ21 час

Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје...