Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев од Љуботен: Ќе има и водовод и градинка и улици

Објавено пред

Ова што го работиме заедно е вредно, ајде да го продолжиме на 29 ноември. Македонија е сплотена како никогаш досега, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите. Ќе има живот и во Бутел и во цела Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на село Љуботен во скопската општина Бутел.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните видоа дека Македонија има само една опција, единство, кое обезбедува иднина и персективи за сите“, рече Заев.

Тој додаде дека додека светот се развива, се развива интернет-комуникацијата, отвора шанси, се отвораат работни места, во делови од Македонија, како во Љуботен, сè уште се гази во кал.

„Ќе има водовод и чиста вода за пиење во Љуботен. Старото училиште ‘Гоце Делчев’ ќе го адаптираме и ќе направиме детска градинка. Ќе ги асфалтираме улиците по селото, до последните сокаци. До крајот на 2018 година, најважните проблеми за жителите овде ќе ги решиме. Ќе ги развиваме селата. Ќе ни одат и градовите напред ако има живот во селата“, рече претседателот Заев.

„Барам поддршка од сите за кандидатот за градоначалник, Велимир Смилевски, јасни се тенденциите, да продолжиме да го градиме животот за сите. Да има живот во Љуботен, да има во Бутел, да има во сите општини низ Македонија“, повика претседателот на СДСМ.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Ацо Боцевски-Циганот уапсен во грчкиот град Катерини: беше во бегство 27 години

По 27 години бегство, во Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, македонски државјанин осуден за убиство. Според...

Свет9 часа

Путин: Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина

Русија беше принудена да реагира на ситуацијата што се разви во Украина по државниот удар во 2014 година, вклучително и...

Македонија13 часа

„Кој и да е сопственик, не е блиска пријателка на мојата сопруга“, рече Тошковски за малото модното студио кое ќе набавува униформи за полицијата

Фирмите кои треба да набават униформи за специјалната полиција во вредност од 3,8 милиони евра ги исполните сите услови пропишани...

Македонија13 часа

Разбиена мрежа за проституција: Лица од Бразил и Сирија носеле Бразилки во Скопје каде нуделе сексуални услуги

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе обвинителен акт против четири лица....

Македонија14 часа

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста

Алијанса за Албанците формира Привремен координациски совет за да нема конфузии во јавноста по, како што велат, едностраните дејствија на...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова му подари на папата Лав XIV длабока резба од дабово дрво со мотив „Желад“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Апостолската палата имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV. На средбата традиционално беа...

Македонија15 часа

Нема нови случаи на мајмунски сипаници, ризикот од ширење е мал, велат од ИЈЗ

Нема нови случаи на мајмунски сипаници во земјата, а ризикот од ширење е мал, велат од Институтот за јавно здравје....

Македонија15 часа

Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба годинава

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25....

Свет16 часа

Трамп рече дека Путин полудел, стигна одговор од Кремљ

Кремљ изјави дека тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин потполно полудел може да биде резултат на емоционално преоптоварување,...

Топ18 часа

Кривична против градоначалникот на Кичево: противзаконски ангажирал адвокати и го оштетил општинскиот буџет за речиси 4 милиони денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 51-годишниот Ф.Д. од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Македонија20 часа

„Како се дефинира квалитет кај фирма без искуство“, прашува СДСМ за тендерот за униформите во МВР

„Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило...

Македонија20 часа

Финансиската полиција го тресе поранешното раководство на М-НАВ, кривични за ексдиректор и раководител поради спорен тендер

Управата за финансиска полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против В. К., поранешен извршен директор на секторот за воздухопловна техника...

Македонија21 час

40 пациенти добиваат физикална терапија по пожарот во „Пулс“, имаат проблеми со движењето на зглобовите, покажа евалуацијата

Специјалистите од скопските клиники ја завршија евалуацијата на состојбата на повредените во пожарот во „Пулс“ во Кочани. Прегледани биле повеќе...

Свет22 часа

Фон дер Лајен: ЕУ мора да постигне трговски договор со САД до 9 јули

Европската Унија е подготвена брзо да дејствува во трговските преговори со Соединетите Американски Држави, но ќе треба да „постигне добар...

Свет23 часа

Трамп: Путин целосно полудел

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабоко незадоволство од руското бомбардирање на Украина за време на викендот, велејќи дека не е...

Спорт1 ден

Алкалоид-АЕК нема да се игра вечерва – Грците под закана од своите навивачи одбија да излезат на теренот

Финалниот реванш во ЕХФ купот меѓу Алкалоид и АЕК не започна. Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената...

Македонија1 ден

Тошковски за тендерот за униформите: Се фокусиравме на квалитетот и цената, нема неправилности

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била...

Македонија2 дена

Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото, велат неистомислениците на Таравари од Алијансата

Го слушнавме нашето членство. Се сретнавме со нашите активисти во секој град – од Липково до Струга. И пораката е...

Топ2 дена

Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерството за одбрана

Поранешниот припадник на „Волците“, полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска раководителка на военото разузнавање, вработена во Министерството за одбрана се лицата кои...

Македонија2 дена

Арсовска најави фељтон: Спречивме над 150 незаконски обиди да се легализират дивоградби, ќе објавуваме едно по едно

Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно сите од наша страна констатирани и спречени...