Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Милошоски: Утре ќе поднесеме предлог закон за зголемување на пензиите

Објавено пред

Пратениците на Коалицијата „За подобра Македонија“ утре ќе поднесат предлог закон во Собранието за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата. Доколку се усвои законот во Собранието, до поддршка на уште само 10 пратеници, покрај Коалицијата „За подобра Македонија“ тогаш од февруари идната година пензионерите ќе добијат 650 денари повеќе, како што беше пракса додека ВМРО-ДПМНЕ раководеше со владата на Република Македонија“ најави Антонијо Милошоски.

dobivaj vesti na viber

„Со Предлог законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвидува во 2018 година за сите видови на пензии без разлика дали се повисоки или пониски согласно со овој закон да се усогласат на начин што вкупниот износ за исплата на пензиите од декември 2017 година ќе се зголеми за 5% и ќе се подели со вкупниот број на корисници на пензија кои што ја оствариле заклучно со декември 2017 година“.

Ова е уште еден проект, еден предлог закон кој што беше ветување во нашата предизборна програма и сакаме да бидеме чесни кон граѓаните и пензионерите кои што гласале за Коалицијата „За подобра Македонија“, но исто така како што гласале и за други политички партии но очекуваат подобар животен стандард и да понудиме закон за повисоки пензии.

„ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години од своето владеење ги зголеми пензиите на сите пензионери во државата. Најниската пензија се зголеми за 105%, значи ако се сеќавате 2006 година најниската пензија беше 4.330 денари, а 2016 година најниската пензија достигна 8.890 денари. Ако ги земеме просечните пензии, просечната пензија во 2006 година изнесуваше 7.680 денари, додека на крајот на 2016 година просечната пензија стигна до 13.750 денари. Затоа сметаме дека само со реално 5 процентно зголемување на пензиите може да имаме нивен раст“ вели Милошоски.

Владата предводена од господинот Заев продолжи онаму каде што застана во 2006 година, да манипулира дека прилагодувањето на пензиите значи нивно зголемување, без да покаже реален капацитет, буџетски капацитет и економски политики на реален начин да ги зголеми пензиите.

Пензионерите во овој момент со право се чувствуваат изманипулирани и излажани, бидејќи ги знаат своите сметки, и ги знаат своите месечни приходи и пензии.
Го повикуваме пратениците од Социјал-демократскиот сојуз да не ги попречуваат пензионерите да го добијат она што стана како пракса во државата кое што покажа капацитет да ги зголемува пензиите за 5% до 2016 година.

„Се надеваме дека Социјал-демократскиот сојуз конечно ќе се охрабри и во Собранието ќе покаже конструктивност во интерес на сите граѓани. Она што посебно сакам да го истакнам е дека во овие комплицирани политички моменти во Република Македонија наместо да се гласаат неуставни предлог закони кои што го разделуваат и подвојуваат општеството како што е законот за двојазичност, подобро е да се гласаат уставни и корисни закони како што е предлог законот за покачувањето на пензиите бидејќи тоа ќе им користи и на пензионерите Македонци, Албанци, и Турци, и пензионерите Роми, Срби, Власи и Бошњаци и ќе им користи на нивните внуци“.
Кога станува збор за граѓаните на Република Македонија сметаме дека пратениците треба да покажат сплотеност по однос на интересот на граѓаните. Коалицијата „За подобра Македонија“ има 51 пратеник  и за да помине законот за зголемени пензии со 5% реално покачување потребни се уште 10 пратеници.

Ги повикуваме доволни се само пратениците кои што исто така се кандидати за градоначалници господинот Шилегов, господинот Стефан Богоев, господинот Бочварски, Бетиjан Китев, господинот Зеќири Ибраими, Зијадин Села и уште неколку други да го поддржат овој закон и пред пензионерите во нивните општини и градови каде што се кандидираат да покажат реална способност и волја да се покачи стандардот на пензионерите, порача Милошоски.

.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија11 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија12 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија14 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион15 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија15 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија15 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија16 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет18 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа19 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет20 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа20 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет20 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет20 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија21 час

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија2 дена

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...