Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Околу 700.000 евра инвестиции во ТППЕ Прилеп

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Од 01.07.2005 година, со спогодба за превземање на Територијалната противпожарна единица од Прилеп со целокупното работење, имот и вработени премина во надлежност на Локалната самоуправа.

 

Во ТППЕ Прилеп вработени се 34 пожарникари, кои се распоредени во четири ПП одделенија кои што работат во смени со дежурство од 24/7 часа.

 

„ТППЕ ги покрива териториите на општина Прилеп со површина од 1.195 км2 со 59 населени места со 76.768 жители, општина Кривогаштани со површина од 97 км2 со 12 населени места со 6.150 жители и општина Долнени со површина од 430 км2 со 37 населени места со 13.805 жители или вкупната површина која ја покрива ТППЕ од Прилеп изнесува 1.722 км2 со 108 населени места и вкупно 96.723 жители.

 

Според статистиката што се води може да се види дека во текот на една година на територијата што ја покрива ТППЕ Прилеп се примаат од 450 до 550 пријави за настанати пожари и други непогоди.

Само во 2016 година се примени 490 пријави за пожари и други непогоди од кои:

 

-197 се пријави за пожари на објекти со вкупна материјална вреднос од околу 7.555.500 денари

-141 се пријави за пожари на отворен простор (Шумски површини, земоделски површини и депонии) со вкупна површна од 237.35 ха

-28 се пријави за пожари на сообраќајни средства (патнички возила, товарни возила и земјоделски машини)

-44 се пријави за технички интервенции (сообраќајни незгоди, поплавени простории, спасување на лица од височини и длабочини и други слични интервенции)

-40 се пријави за други интервенции ( разни обезбедувања на објекти и настани, носење на вода до места каде има потреба и други слични настани)

-39 се останати пријави

 

Овие бројки може да варираат пред се во зависност од временските прилики.

 

Во периодот од 2006 до 2008 година Територијалната противпожарна единица, а со голема поддршка од страна на Локалната самоуправа, потпиша меморандум за соработка со странски невладини организации од областа на противпожарната заштита (Операција Флоријан од Англија и Working together од Франција) со кои имаше голем број на заеднички проекти од кои што дел се завршени, а дел се планирани за во нареден период.

 

Како реализирани проекти се обука на вработените во ТППЕ Прилеп од страна на Операција Флоријан во делот на техничките интервенции односно спасување на лица од сообраќајни несреќи (теоретска и практична настава) при што се изведени и голем број на показни вежби. Исто така реализирани беа обуки од страна на француската организација Working together во делот на гасење на пожари на отворен простор со каскадно носење на вода од ниските предели па до највисоките предели, како и обука на возачи за возење  на тешко приступачни терени. Сите овие проекти се реализирани од страна на инструктори со меѓународни признанија и лиценци.

 

Во текот на обуките од страна на овие организации добиена е како донација   одредена  опрема која што во целост се користи од страна на нашите вработени (хидраулични ножици за спасување на лица во сообраќајни несреќи, воздуши перничина за дигање на терет и комплет дишни апарати)-со вкупна вреднос од околу 15.000 евра.

 

Во текот на 2009 и 2010 година од страна на Владата на РМ, а во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Локалната самоуправа, Територијалната противпожарна единица доби две нови навални противпожарни возила, со што се поднови возниот парк на единицата, а се подобрија и условите за работа на терен. Овие возила се опремени со средства и опрема за гасење на пожари на објекти во урбана средина како и со опрема за технички интервенции, со вкупна вредност од 350.000 евра.

 

Инаку ТППЕ од Прилеп е една од најопремените и најефикасни противпожарни единици на ниво на Македонија. Прилепските пожарникарите постојано се надоградуваат со нови обуки, како и примена на нови методи и средста за поефикасно гаснење на пожарите. Резултатот од тоа е големиот број на ефикасно спроведени акции.

 

Во 2013 година од страна на Локалната самоуправа, а во соработка со ТППЕ се реализира проектот за нов ПП дом со ново уредени-преадаптирани простории за престој и работа, а исто така  и гаражен простор каде што се сместени сите возила. Инвестиција вредна 15.000.000 денари или околу 250.000 евра, средства издвоени од буџетот на локалната самоуправа.

 

Во 2014 година реализиран е проектот за прекугранична соработка со Пелагонискиот плански регион и Република Грција за опремување на вработените со заштитна облека ( шлем, чизми, ракавици, јакна и панталони) како и голем број на хидранти, кои што во соработка со ЈП „Водовод и Канализација“ беа поставени низ градското подрачје и во сите населени места во Општина Прилеп каде што имаше услови постоење на водоводна мрежа. За оваа намена беа вложени 60.000 евра.

 

Исто така се реализираше проектот за набавка на нови јоги душеци и шкавчина за секој вработен. Инвестиција од 2.000 евра.

 

Во 2015/2016 година изготвен и реализиран беше проектот за нова канализациона мрежа во објектот на ПП Домот, како и проект за бетонирање на гаражниот простор. Овој проект е во завршна фаза.

 

Или вкупно за градежни активности и набавка на опрема во ТППЕ Прилеп во изминатиов период беа инвестирани околу 700.000 евра„ се вели во информацијата за развојот на ТППЕ Прилеп….крај/мф/кс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Македонија1 час

Филков ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен...

Топ2 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија3 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија3 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија5 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа6 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија6 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија7 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија7 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет7 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет7 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа9 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа9 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа9 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија19 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...